Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Принципи за супервизија

Управниот одбор на Агенцијата на седницата одржана на 25.12.2007 година донесе Заклучок за следење на принципите за супервизија на Меѓународната организација на пензиски супервизори (IOPS). Агенцијата, како основа и политика во рамките на вршењето на супервизијата на пензиските друштва и пензиските фондови, се определува да ги следи принципите за супервизија на Меѓународната организација на пензиски супервизори (IOPS). Степенот на примена на принципите за супервизија на Меѓународната организација на пензиски супервизори (IOPS) ќе зависи од соодветното ниво на развој на капитално финансираното пензиско осигурување и од статусот на поставеност на Агенцијата. Агенцијата континуирано ќе развива и други принципи соодветни на спецификите на пензискиот систем на Република Македонија кои ќе ги применува заедно со принципите за супервизија на Меѓународната организација на пензиски супервизори (IOPS). 

Skip to content