Основните цели при дизајнирање на реформата беа:

  1. Сигурност во остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување;
  2. Обезбедување краткорочна и долгорочна солвентност на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија;
  3. Максимум сигурност и минимум ризик;
  4. Гарантирање праведност на пензиите за сите генерации;
  5. Јакнење на довербата на јавноста во пензискиот систем преку постигнување на другите цели на реформата;
  6. Симулирање на развојот на пазарите на капитал и поттикнување на порастот на економијата.

Понaтаму, примарна цел на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување во Република Македонија е:

  • Обезбедување повисок приход по пензионирањето за осигурениците кои  се веќе осигурани во едностолбниот или двостолбниот пензиски систем (задолжително пензиско и инвалидско осигурување), а кои сакаат и се во можност да издвојат дополнителни средства заради поголема материјална сигурност или одржување на повисок стандард на живеење по пензионирањето;  
  • Обезбедување пензија на лицата кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување лично за себе или од други лица. Тука спаѓаат долгорочно невработените, вработените на проекти или во странски мисии, брачните другари кои не се вработени, и други лица без оглед дали се во работен однос или се невработени;
  • Обезбедување предуслови за воспоставување на професионални пензиски шеми во процесот на усогласување на системот на социјално осигурување во Македонија со системот во Европската унија.

Исполнувањето на горенаведените цели ќе резултира во придобивки за поединците кои учествуваат во пензискиот систем, за самиот пензиски систем, како и дополнителни ефекти врз економијата.

Очекувани ефекти за поединецот Очекувани ефекти за системот
  • поголема сигурност
  • солвентен пензиски систем
  • диверсификација на ризиците
  • зголемување на националнитите заштеди
  • транспарентност на работењето
  • зајакнување на моќта на инвестирањето
  • доброволно и дополнително штедење
  • пораст на економијата
  • зголемување на ефикасноста на македонскиот пазар на труд