Реформираниот пензиски систем ќе обезбеди долгорочна стабилност на пензискиот систем и сигурност на своите осигуреници во пензионерските денови поради:

  • Тростолбната структура – постоењето на државен пензиски фонд и на приватни задолжителни и доброволни пензиски фондови доведува до намалување и до поделба на демографските и економските ризици;
  • Институциите на системот и начинот на нивното функционирање во единствениот систем;
  • Одвоеноста на средствата на приватните пензиските фондови од друштвата кои управуваат со нив и чување кај чувари на имот на пензиски фондови;
  • Строго дефинираните правила на инвестирање на средствата од вториот и третиот столб;
  • Заштитата во случај на измама или криминална активност каде како последица ќе се исцрпат средствата на задолжителниот пензиски фонд при што од државниот буџет ќе се изврши уплата во задолжителниот пензиски фонд во висина од 80% од висината на загубата;
  • Постојаната контрола на институциите на пензискиот систем и високите казни предвидени за незаконско работење.

ОСНОВНА ЦЕЛ НА РЕФОРМИРАНИОТ ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ Е ГРИЖАТА И ЗАШТИТАТА НА ИНТЕРЕСИТЕ НА СЕКОЈ ЧЛЕН, БИДЕЈЌИ ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ ДЕНОВИ ЗАСЛУЖУВААТ СИГУРНОСТ.