ДЕМОГРАФСКИ ПРЕДВИДУВАЊА ЗА СТАРЕЕЊЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО

Демографските промени се основен мотив за реформирање на пензиските системи во Европа и светот. Со користење на моделот даден подолу можете да го симулирате стареењето на населението во Република Македонија. Притиснете на стрелките на самиот графикон, за да ги видите промените по години. Така, ќе видите каква ќе биде демографска структура на населението во избраната година. Вертикалната оска ги претставува годините (од најмладите на дното, до најстарите на врвот, 0-100), а хоризонталната оска го претставува бројот на лица на одредена возраст. Ако ја пресечете хоризонталната оска на пола, од замислената линија на пресекот на лево, осенчениот дел го претставува процентот на машките лица, додека од замислената линија на десно, осенчениот дел го претставува процентот на женските лица. Можете да забележите дека графикот на населението постепено ја менува својата форма во иднина. На почетокот, населението има форма на пирамида, со многу млади лица и мал број на постари лица. Со демографските промени постепено се зголемува бројот на стари лица во однос на младите.
Квадратчето со резултат под графиконот на населението го покажува соодносот на населението на возраст од 60 години со населението на возраст од 18 до 59 години. Со текот на годините соодносот расте, што значи дека се зголемува бројот на лицата преку 60 години во однос на лицата на возраст од 18 до 59 години.

{gallery}gallery{/gallery}