На 29.10.2016 година во хотел Континентал – Скопје од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС беше организирана обука за агенти на пензиските друштва.
Обуката е дел од заложбите на Агенцијата за подобрување на информираноста на членовите за промовирање на капитално финансираното пензиско осигурување и зголемување на свеста кај јавноста за правата од членувањето во вториот и третиот столб.

20161029_105258

На обуката присуствуваа вкупно 217 регистрирани агенти и беше реализирана преку презентации на следниве теми:
– Вовед во КФПО и новини во системот;
– Значењето и улогата на агентите во КФПО;
– Инвестирање на средства и
– Исплата на пензии.
Последниот дел од обуката беше посветен за прашања и дискусија на која беа објаснети сите поставени прашања од присутните.