Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Ден за пензиска свесност -15ти септември

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), по повод одбележување на Денот за пензиска свесност – 15ти септември организираше конференција пред претставници од државни институции, регулаторни тела и соработници.
Во првиот дел од конференцијата се обратија г-ѓа Мила Царовска – министер за труд и социјална политика, г-ѓа Анита Ангеловска Бежоска – советник на гувернерот на Народна Банка на Република Македонија, и г-дин Булент Дервиши – претседател на Советот на експерти на МАПАС.

Во вториот дел од конференцијата се одржа презентација на тема: Информирање на јавноста за капитално финансирано пензиско осигурување.
На настанот беа поделени за промоција најнови информативно – едукативни материјали подготвени од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), кои се во насока на континуираните активности за финансиска едукација на населението.

Материјали од конференција:

Обраќање на Претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши.

Skip to content