Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за јавност

На ден 18.12.2017 година во организација на НБРМ и регулаторните финансиски тела во Р.Македонија се одржа Работилница за финансиска едукација на новинарите од економските редакции на македонските медиуми под наслов „Правилно читање и толкување на извештаите на Народната банка и другите регулаторни институции“.

На работилницата преку презентации од НБРМ, Министерство за финансии, МАПАС, КХВ и АСО и интерактивна комуникацијата со новинарите беа образложени извештаите кои ги објавуваат финансиските регулаторни и супервизорски тела од аспект на банките, пензиските друштва, осигурителните друштва, трговските друштва и финансиските друштва. Извештаите кои беа предмет на работилницата се однесуваа на извештаите од монетарна политика, монетарни инструменти, платни системи, девизни резерви, потоа извештај за ризиците во банкарскиот систем на Република Македонија и извештај за финансиската стабилност во Република Македонија, извештаи за јавен долг, извештаи кои се задолжителни за акционерските друштва и извештајот за пензиска заштеда кои се обврска на пензиските друштва.

Skip to content