Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

ТРКАЛЕЗНА МАСА на тема: ,,Капитално финансирано пензиско осигурување”

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организираа тркалезна маса на тема „Капитално финансирано пензиско осигурување“, што се одржа на 23 април 2018 година (понеделник), во просториите на Академијата.

Тркалезната маса беше наменета за судии и советници/судски соработници од Вишиот управен суд и Управниот суд на која заедно со претстаниците на Агенцијата се разговараше за капитално финансираното пензиско осигурување, основање на пензиски друштва и пензиски фондови, зачленувањето во системот, инвестирањето и чување на средствата на пензиските фондови и фазата на исплата на пензиско осигурување.

На тркалезната маса свое излагање имаат претставниците на МАПАС: г-ѓа Татјана Стефановска, раководител на Сектор за правни работи, г. Владо Георгиев, раководител на Сектор за институционална контрола и г. Дарко Саздов, раководител на Сектор за финансиска контрола.

Skip to content