Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја известува јавноста, дека со донесените измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување од 28.12.2018 година и донесените подзаконски прописи, е добиена следната состојба на 01.01.2019 година:

– На вкупно 29.213 членови им престана членството во задолжителните пензиски фондови. Овие осигуреници остануваат осигурени само во тековното финансирано пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност.

   
Членови родени пред 1 јануари 1967г. кои задолжително беа вклучени во вториот столб 12.143
Членови кои до денот на започнување на примената на измените на Законот во текот на осигурувањето имале стаж на осигурување што се смета со зголемено траење 14.471
Членови кои до денот на започнување на примената на измените на Законот во текот на осигурувањето се стекнале со својство на осигуреник како индивидуален земјоделец или како вршител на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари 2.599
ВКУПНО 29.213