Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност за правата на доброволните членови во задолжителен пензиски фонд – втор пензиски столб со склучен договор за членство и прво вработување пред 01.01.2003 година.
Согласно измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување доброволните членови родени пред 01.01.1967 година ИМААТ ПРАВО ДА ИЗБЕРАТ дали:

1. ќе го продолжат членството во вториот пензиски столб со давање на писмена Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд или
2. ќе го прекинат членството во вториот пензиски столб со давање на писмена Изјава за престанување на членството во задолжителен пензиски фонд.

Доколку доброволниот член, до 30.09.2019 година, не даде Изјава, на 01.10.2019 година неговото членството во вториот пензиски столб ќе престане. Друштвото ќе ја затвори неговата индивидуална сметка и ќе го пренесе вкупниот износ на средствата во Фондот на ПИОМ, односно членот ќе остане осигуреник во Фондот на ПИОМ.
При изборот помеѓу продолжување или престанок на членство во задолжителен пензиски фонд, членовите треба да ги имаат во предвид нивната возраст, годините на работен стаж при зачленување во втор пензиски столб, очекуваните години на вкупен работен стаж, висината на пензиските придонеси кои им се уплатувани досега, висината на идните очекувани придонеси кои ќе им се уплатуваат и други фактори.
Со цел членовите да го направат изборот кој е во нивен најдобар интерес, Агенцијата им препорачува да ја контактираат на следниот телефонскиот број 02 3224 229.