Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение до јавноста за објавите поврзани во медиумите за отворени случаи од страна на Државната антикорупциска комисија

На ден 27.03.2019 година во пошироките медиуми се објавени информации дека “Државната антикорупциска комисија отвори случаи против повеќе судии за злоупотреби и коруптивни дејствија” и во истите објави е наведено дека “По допрен глас ќе отворат и предмети за судир на интереси и за сопругата на поранешниот министер Спиро Ристовски, Маја Ристовска, која е вработена во МАПАС”.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека сопругата на поранешниот министер Спиро Ристовски, Маја Ристовска, никогаш не била вработена во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и исто така ги замолува медиумите да извршат корекција на нивните објави со цел јавноста да биде точно информирана.

Skip to content