Посетите на средните училишта и одржување на едукативни презентации на учениците од четврта година продолжи и на четвртиот ден од Глобална недела на парите. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) одржа едукативни презентации во двете средни училишта: СОУГ “Гоце Делчев” и СОУ “Перо Наков” во Куманово.

Учениците и во двете училишта покажаа голем интерес за областа на финансиите и значењето на парите, особено за делот на дополнително доброволно штедење.  Се запознаа со можноста дека и самите можат да бидат доброволни членови уште од својата 15 годишна возраст.

За управувањето со парите, штедењето и инвестирањето во сопствената иднина мораме да бидеме свесни уште од најрана возраст. Поради тоа сите ние активно сме вклучени во едукативни активности се со цел зголемена финансиска писменост и свесност особено кај младите.

МАПАС  како регулаторно тело има функција да ги заштити интересите на членовите и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови.

Додека сме млади,учиме, работиме-заработуваме пари и трошиме.

Но, мора и да штедиме за да имаме пари кога веќе нема да можеме да работиме;

Колку подолго и повеќе штедиме, ќе имаме и поголеми приходи во старост.

Зборот пензија не треба да ни биде далечен, туку уште како млади доброволно треба да започнеме да штедиме уште од првата плата.

  • Во старост не заработуваме – живееме од пензија.