Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), успешно го заврши и петтиот ден од посетите на средните училишта и одржување на едукативни презентации на учениците од четврта година како активности кои се дел од одбележување на Глобална недела на парите 2019 година. Едукативни презентации се оддржаа во СУГС“ Кочо Рацин“  во Скопје и во двете средни училишта: СОСУ “Моша Пијаде” и ДМУ “Тодор Скаловски- Тетоец” во Тетово.

Одбележувањето на Глобалната недела на парите на овој начин преку организирање на едукативни презентации се корисни за младите, кои живеејќи го животот во ова време на брзи промени барем за момент можат да се потсетат дека мора паметно да управуваат со парите и да го менаџираат својот буџет. Исто така за сигурност во животот пред се треба да научат да штедат и да се едуцираат да инвестираат во својата иднина.

Учениците и во двете училишта покажаа голем интерес за областа на финансиите и значењето на парите, особено за делот на финансиските инструменти во кои се вложуваат средствата на пензиските фондови и можноста за дополнително доброволно штедење за пензија. Се запознаа со можноста дека и самите можат да бидат членови уште од својата 15 годишна возраст во едно од двете пензиски друштва:  КБ прво пензиско друштво АД Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

На крајот, најзначајно  за нас беше фактот,  дека МАПАС  како регулаторно тело чија функција  е да ги заштити интересите на членовите и да го поттикнеме развојот на капитално финансираното пензиско осигурување, беше препознаена како институција која  обезбедува сигурност при носењето на  одлуки на постојните и идните членови во врска со инвестирањето на своите пари во пензиските фондови за сигурна иднина и сигурни пензионерски денови.