Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Денови на финансиска писменост 29-31 Мај 2019

Финансиската писменост е основен предуслов за финансиска стабилност во општеството и носење правилни одлуки од страна на граѓаните. Во насока на зголемување на нивото на финансиска писменост на граѓаните, регулаторите од оваа област ги организираат Деновите на финансиска писменост.

Целта на ваквите настани е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.

На почетниот настан во врска со Деновите за финансиска писменост пред Министерството за финансии, покрај министерството учествуваа и Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, како и банки, осигурителни друштва, штедилници и други финансиски компании.

Skip to content