Советот на експерти одржа седница на 20.06.2019 година и донесе:

 

  1. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци:

 

Образложение:

 

Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци се менува согласно промената на интерните упатства и насоките дадени од Дирекцијата за заштита на личните податоци. Агенцијата се обрати до Дирекцијата заради добивање на одобрение за вршење обработка на биометриски податоци поребни за потврда на идентитетот на субјектот на личните податоци односно обработка на глас. Одобрението се бара заради воведување снимање на телефонски разговори со членови на пензиските фондови што значи олеснување на начините на комуникација заради остварување на правата на членовите. Одредбите за организациски мерки за заштита на личните податоци при обработката на податоците од системот за  снимање на телефонски разговори, од овој правилник, се одобрени од Дирекцијата со решение Уп1 09-222 од 16.05.2019 година.