Советот на експерти одржа седница на 28.02.2020 година и донесе:

  • Одлука за прекинување на важноста на Стручното упатство за постапување по поплаки

Образложение:

Со оваа одлука се прекинува важноста на Стручното упатство за постапување по поплаки донесено од страна на Управниот одбор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2008 година, поради тоа што материјата која што ја уредува ова упатство е регулирана со Законот за постапување по претставки и предлози.

Советот на експерти даде одобрениe/согласност на:

Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност на Одлука за измени и дополнувања на Посебните правила и процедури за вршење работи на банка чувар на имот и согласност на Анекси на договорите за вршење на работи на банка на чувар на имот склучени помеѓу ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје;

  • Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за измена на Статут на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и
  • Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за измена на Статут на Триглав отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

Советот на експерти разгледа/одлучи:

  • Извештај од контрола на работење на агенти и одлучи да донесе Решение за бришење на агент од Регистарот на агенти, да се достави писмена опомена до пензиско друштво и да се поведе постапка за порамнување на агент.