Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Посета на МАПАС од страна на Средното економско и правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен

На 05.03.2020 година ученици од Средното економско и правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен“ ја посетија  Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.  Претставници од МАПАС пред учениците одржаа презентација за капитално финансираното пензиско осигурување и улогата на МАПАС во пензискиот систем. Посетата и презентацијата беа во рамките на предметот Јавно право што се изучува во четврта година. Целта на посетата беше учениците подетално и подиректно да се запознаат со основните карактеристики на вториот и третиот пензиски столб, начинот на работењето на пензиските друштва и пензиските фондови како и работењето на МАПАС.

Исто така, презентациите од ваков карактер имаат цел да ги информираат учениците дека се идни потенцијални членови и дека со првото вработување треба да донесат одлука за тоа кој ќе управува со нивните средства издвоени за идна пензија. Младите треба да бидат свесни дека поставеноста на овој систем е модерна, сигурна. и дека за нивната идна пензија од втор и трет столб се грижат МАПАС и трите пензиски друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје.

МАПАС е  постојано отворена за соработка заради стручна поддршка и едукација на младите за карактаристиките на приватната компонента на пензискиот систем.

Skip to content