Со оваа изјава ИОПС ги поддржува флексибилните, прагматични, пропорционални и супервизорски пристапи засновани на оцена на ризици преземени од страна на нејзините членки, но и предупредува на некои дејствија кои може да доведат до значително влошување на пензиските надоместоци за корисниците.
Пензиските супервизори преземаа бројни мерки за заштита на интересите на членовите и корисниците на пензии од приватните пензиски шеми и фондови, со цел да се одржи работењето и деловниот континуитет на пензиските шеми и фондови и со цел да се обезбеди финансиската сила на приватните пензиски планови во тековните околности.

Меѓународната организација на пензиски супервизори (ИОПС):
• ја поддржува потребата за рана и јасна комуникација и насоки што треба да бидат обезбедени од страна на супервизорите и субјектите под супервизија со соодветните засегнати страни;
• ја потврдува релевантноста, во овие специфични околности, за олеснување на некои регулаторни ограничувања и за обезбедување на привремено ослободување од одредени барања за работодавците или управувачите со средства за да им се овозможи да ги продолжат своите активности на одржлив начин; и
• ја препознава потребата во одредени исклучителни случаи за мерки што ги олеснуваат барањата за привремен пристап до сметките со пензиска заштеда заради решавање на одредени финансиски потешкотии, што секако е предмет на специфичните околности на секоја земја.

Исто така, ИОПС ја забележува:
• потребата да се земe во предвид долгорочниот интерес на членовите и предупредува на определени дејствија кои може да доведат до значително влошување на пензиските надоместоци на корисниците; и
• во оваа смисла дека предвремениот пристап до пензиската заштеда треба да биде ограничен, привремен и пропорционален на реалните потреби на корисникот, особено за најранливите групи и да се овозможи повлекување на осмислен начин.

Понатаму ИОПС ја потенцира важноста на:
• барањата за субјектите под супервизија прудентно да се справуваат со ризиците кои произлегуваат од кризата Ковид – 19, вклучувајќи и примена на соодветни планови за непредвидени состојби и мерки за ублажување на загубите со цел колку што е можно да се намали влијанието врз членовите;
• обезбедувањето на силна супервизија на пензиските фондови и континуирано внимателно следење на активностите преземени од субјектите под супервизија;
• разгледувањето на антициклични политики со цел да се придонесе што е можно повеќе за стабилизирање и закрепнување на економиите;
• координирањето на политиките на приватната и јавната пензиска компонента; и
• воспоставувањето на соодветни механизми од страна на супервизорите и субјектите под супервизија за оперативна заштита поврзани со Ковид-19, вклучително и преземање соодветни активности за заштита на засегнатите страни од злоупотреби на корисниците на финансиски услуги и зајакнување на финансиската едукација меѓу корисниците.

ИОПС ја охрабрува понатамошна размена на искуства поврзани со кризата Ковид – 19 помеѓу супервизорите ширум светот. ИОПС ќе ја зајакне својата соработка и координација со другите тела за стандардизирање, а со цел да се намали влијанието на кризата врз пензиските фондови, пензиските друштва, членовите и корисниците.

Објавата на ИОПС e на следниот линк:
http://www.iopsweb.org/iopspositionnoteoncovid-19.htm