Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Известување за спроведување испит за агенти на пензиските друштва во февруарска сесија

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува јавноста дека: првиот дел (теоретски дел) за полагање испит за агенти на пензиски друштва ќе се одржи во следните термини:
2.2.2021 (вторник) година со почеток од 13:30 – 15:30 часот (кандидати пријавени од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО);
3.2.2021 (среда) година со почеток од 13:30 – 15:30 часот (кандидати пријавени од КБ Прво пензиско друштво);
4.2.2021 (четврток) година со почеток од 13:30 – 15:30 часот (кандидати пријавени од САВА пензиско друштво);

Кандидатите кои ќе го положат првиот дел од испитот имаат право да полагаат втор дел (практичен дел) во следните термини:
9.2.2021 (вторник) година со почеток од 13:30 – 15:30 часот (кандидати пријавени од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО);
10.2.2021 (среда) година со почеток од 13:30 – 15:30 часот (кандидати пријавени од КБ Прво пензиско друштво);
11.2.2021 (четврток) година со почеток од 13:30 – 15:30 часот (кандидати пријавени од САВА пензиско друштво);

Skip to content