Се известуваат членовите на вториот столб на пензискиот систем во Република Северна Македонија, дека во текот на месец мај – јуни 2021 година ќе биде спроведено истражување на јавното мислење за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови, за нивните пензиски заштеди и придобивки од членството во втор столб. Истражувањето ќе го врши Друштво за маркетинг и консалтинг МАРКЕТ ВИСИОН ДООЕЛ Скопје (МАРКЕТ ВИСИОН) за потребите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС преку телефонска анкета на членовите на вториот столб.

За спроведување на истражувањето, МАРКЕТ ВИСИОН ќе го праша секој испитаник дали сака или не сака да учествува во анкетата, известувајќи го дека учеството е доброволно. Во истражувањето ќе учествуваат само лицата кои ќе дадат согласност.

Целта на истражувањето е да се подигне јавната свест и да се подобри информираноста за пензискиот систем и за правата и обврските на членовите на вториот столб, од една страна, како и да се обезбедат информации за запознаеноста на членовите во задолжителните пензиски фондови, од друга страна.

Ви благодариме на соработката.