Советот на експерти одржа електронска седница на 24.06.2021 година и усвои/донесе:

1. Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2020 година

2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво:

Образложение:

Со Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво се врши усогласување на одредбите со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Се овозможува барањата и документацијата потребна за издавање на одобрение за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво, да се доставува и по електронски пат согласно со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Согласно член 6 од овој закон електронскиот документ има иста правна и доказна сила како и писмената форма на документот, согласно со закон. Електронскиот документ не може да се оспори како доказ во управна или судска постапка, само затоа што е создаден во електронски облик.
На овој начин се забрзува комуникацијата помеѓу пензиските друштва и Агенцијата во процесот на издавање на одобренија за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво, и со тоа се подобрува ефикасноста и ефективноста на овој процес.
3. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање на одобрениja на измените на документите поднесени при лиценцирање:

Образложение:

Со Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање на одобрениja на измените на документите поднесени при лиценцирање се врши усогласување на одредбите со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Се овозможува барањата и документацијата потребна за издавање на одобрение, да се доставува и по електронски пат согласно со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Согласно член 6 од овој закон електронскиот документ има иста правна и доказна сила како и писмената форма на документот, согласно со закон. Електронскиот документ не може да се оспори како доказ во управна или судска постапка, само затоа што е создаден во електронски облик.
На овој начин се забрзува комуникацијата помеѓу пензиските друштва и Агенцијата во процесот на издавање на одобренија, и со тоа се подобрува ефикасноста и ефективноста на овој процес.

4. Извештај за реализација на Годишниот план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2021 година.

Советот на експерти даде одобрение/согласност на:
1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност за договорите склучени меѓу ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност.

Советот на експерти ги разгледа:
1. Финансиските извештаи за 2020 година со Извештај на независниот ревизор и
2. Полугодишниот извештај за работата на Комисијата за одлучување по прекршок на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2021 година.