Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Eдукативна кампања: ” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… “

Во рамките на едукативната кампања за младите под мотото: ” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… “ и оваа учебна 2015/2016 година се продолжи со посета на средни училишта и факултети низ нашата држава. МАПАС и претставници од пензиските друштва во текот на месец октомври ги посетија СУ „Јосип Броз Тито” Скопје, АСУЦ „Боро Петрушевски” и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин” во Скопје. Исто така, беа одржани презентации во високообразовните институции во Битола, на Правниот факултет, Педагошкиот факултет, Техничкиот факултет и Факултет за Биотехнички науки.

bitola_kampanja

Претставниците од МАПАС и од пензиските друштва одржаа презентации за пензиско штедење на голем број ученици и студенти од завршните години, како и им беа поделени наменски изработените информативни брошури. Со оваа едукативна кампања им се обраќаме на младите со цел да ги запознаеме со пензискиот систем во целина и улогата на пензијата и значењето на пензиското штедење во животот на секој човек. 

Skip to content