• (02) 3224 229
  • contact@mapas.mk
English Shqip
  • МАПАС
    • За МАПАС
    • Мисија и Визија
    • Орган на МАПАС
    • Седници на совет на експерти
    • Прекршочна комисија
    • Програма на МАПАС
    • Транспарентност
    • Принципи за супервизија
    • Соработка
    • Линкови до институции
    • Контакти
  • Регулатива
    • Закони
    • Подзаконски акти
    • Инструкции
    • Упатства
    • Документи
    • Заштита на лични податоци
    • Работни верзии на подзаконски акти
  • Друштва и фондови
    • Регистар на пензиски фондови
    • Вредност на сметководствена единица
    • Информација за друштвата
    • Принос
    • Надоместоци
    • Пондер
  • Извештаи
    • Извештаи за КФПО
    • Извештаи за работењето на МАПАС
    • Ревидирани финансиски извештаи
    • Статистика
    • Истражувања на јавно мислење
  • Втор и трет столб
    • Пензискиот систем во Република Северна Македонија пред реформата и причини за нејзино воведување
    • Цели на реформата на пензискиот систем и очекувани придобивки
    • Структура на пензискиот систем во Република Северна Македонија
    • Институциите на пензискиот  систем
    • Сигурност и стабилност
  • За членовите
    • Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување – втор столб
    • Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување – трет столб
    • ДОСТАВА НА ЗЕЛЕН ПЛИК
    • Ажурирање на лични податоци
  • Мапас / ЧПП

ЧПП

Прв столб и втор столб

A – Основни Прашања

Што значи поимот “столб”?
Столб е составен дел на пензискиот систем. Пензиските системи најчесто имаат помеѓу еден и три столба, каде секој столб се разликува по методологијата на финансирање (тековно или капитално) и по опфатност (задолжително или доброволно).

Што е “систем со еден столб”?
Систем со еден столб е задолжителен пензиски систем кој постои во Република Македонија од 1950 година. Финансиран е на основа на тековното финансирање, што значи дека придонесите од сегашните вработените се користа за исплата на пензиите на сегашните пензионери. Стапката на придонес во системот со еден столб е 18% од бруто платата на вработениот.

Што е “систем со два столба”?
Системот со два столба е составен од две компоненти. Првата е т.н. PAYG компонента, финансиранана основа на генерациска солидарност или тековно финансирање. Втора е капитално финансирана компонента, која се базира на акумулирање на средствата на индивидуални сметки. Дел од придонесот за пензиско и инвалидско осигурување се акумулира на индивидуалните сметки на членовите на приватните пензиски фондови. Придонесите, намалени за законски предвидените надоместоци, се инвестираат и приносот од инвестирањето се акумулира на индивидуалните сметки. По пензионирањето, осигуреник, кој бил член на двостолбниот пензиски систем ќе добива пензија од два извора: од првиот столб и од заштедите во вториот столб.

Што е “прв столб”?
Првиот столб е PAYG компонентата од системот со два столба. Забелешка: “прв столб” и “систем со еден столб” се различни поими. Прв столб е PAYG компонента од систем со повеќе столбови, додека систем со еден столб е пензискиот систем пред неговото реформирање, кој е финансиран на PAYG основа.

Што е “втор столб”?
Вториот столб е капитално финансираната компонента од системот со два столба. Вториот столб обично се состои од индивидуална сметка – по една за секој вработен -на која што се уплаќаат дел од придонесите на поединиот. Придонесите, намелени за законски предвидените надоместоци, се инвестираат на пазарите на капитал и остваруваат камата. При пензионирањето, средствата на работникот од сметката од вториот столб се користат како еден од изворите на пензија.

Што е “трет столб”?
Како и вториот столб, третиот столб се состои од индивидуални, приватно управувани сметки на штедење. Меѓутоа, третиот столб е доброволен, додека вториот столб е дел од задолжителниот пензиски систем.

Примарна цел на ова осигурување е:

  • Обезбедување повисок приход по пензионирањето за осигурениците кои се веќе осигурани во едностолбниот и/или двостолбниот пензиски систем (задолжително пензиско и инвалидско осигурување), а кои сакаат и се во можност да издвојат дополнителни средства заради поголема материјална сигурност или одржување на повисок стандард на живеење по пензионирањето;
  • Обезбедување пензија на лицата кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување лично за себе или од други лица;
  • Обезбедување предуслови за воспоставување на професионални пензиски шеми во процесот на усогласување на системот на социјално осигурување во Македонија со системите во Европската унија.


Што е тоа тековно финансирање (pay-as-yougo)?
PAYG – претставува финансирање на основа на генерациска солидарност, односно придонесите од сегашните вработени се користат за исплата на пензиите на сегашните пензионери.

Што значи “капитално финансирање”?
Механизам на финансирање според кој придонесите и каматите од инвестирање на истите се акумулираат на индивидуални сметки на членовите на пензиските фондови се до нивното пензионирање. Според тоа, во системот со капитално финансирање, секој индивидуалец ја финансира сопствената пензија, наместо да зависи од придонесите на помладите генерации.

Кој може да се вклучи во системот со два столба?
Лицата кои оствариле барем еден придонес во системот со еден столб до 1 јануари 2003 година имаа можност или да останат во системот со еден столб или да преминат во новиот систем со два столба. Правото на зачленување, овие лица го имаа до 31 декември 2005 година. Лицата кои по прв пат се вработиле по 1 јануари 2003 година се задолжителни членови на вториот столб, но имаат право да одберат во кој фонд сакаат да членуваат и тоа 3 месеци по првото вработување. Доколку сами не изберат фонд МАПАС ќе ги распредели по службена должност.

Како да се вклучам во новиот систем со два столба? Со кого да стапам во контакт?
За да се вклучите во системот со два столба, треба да стапите во контакт со овластен агент на едно од друштвата за управување со пензиските фондови и да потпишете договор членство во пензиски фонд. Фондот ја одржува базата на податоци за членовите на системот со два столба и ќе ги прераспределува Вашите придонеси секој месец до приватното пензиски фонд кој сте го избрале. Доколку сте незадоволни од друштво кое сте го избрале, можете да ја префрлите Вашата сметка во друго пензиско друштво.

Што се подразбира под поимот “заменска стапка”?
Заменската стапка е дефинирана како однос на пензијата на лицето со неговите остварени плати. Има повеќе соодветни дефиниции, како што е сооднос на почетната пензија на лицето во време на пензионирањето со неговата последна плата добиена непосредно пред пензионирањето, или сооднос на почетната пензија со просечната плата заработена во текот на неговиот работен век (со направени усогласувања кои ја одразуваат инфлацијата и економскиот раст).

Б – Стапки на придонес, пресметка на пензии и возраст на пензионирање

Кои се стапките на придонес во системот со еден столб и системот со два столба?

Стапката на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување е определена како процент од бруто платата, кој е утврден во Законот за придонеси од задолжително и социјално осигурување. Висината на придонесот кој се пренесува во задолжителен пензиски фонд изнесува 6% од бруто платата, а во Фондот на ПИОМ останува придонес во висина која се добива како разлика меѓу вкупниот придонес за пензиско и инвалидско осигурување и придонесот уплатен во задолжителниот пензиски фонд (за 2012 година изнесува 18% – 6% = 12% од бруто платата).

Како се пресметува пензијата од системот со еден столб?
Нивото на пензија е општо изразено како процент од платата на лицето. Односот на пензијата и платата е всушност заменската стапка. Заменските стапки од системот со еден столб варираат во зависност од полот на лицата и должината на нивниот стаж. Просечен работник може да очекува заменска стапка помеѓу 70% и 80% од системот со еден столб.

Како се пресметува пензијата од системот со два столба?
Член на системот со два столба ќе прима пензија од два извора: од првиот столб и од вториот столб. Заменските стапки обезбедени од првиот столб се определени со формула која се базира на полот и должината на стаж на лицето. Лицето може да очекува заменска стапка од околу 30% од првиот столб.
Заменски стапки добиени од вториот столб ќе зависат од придонесите на работникот, каматната стапка стекната во вториот столб и возраста на пензионирање.

Која е законски определената возраст на пензионирање?
Возраст на пензионирање за мажи е 64 години.
Возраст на пензионирање за жени е 62 години старост

В – Прашања за вториот столб

Кој донесува одлуки за инвестирањата за вториот столб?
Дел од придонесот за пензиско и инвалидско осигурување се префрла на индивидуалните сметки на членовите на вториот столб. Друштвата за управување со пензиски фондови ги инвестираат средствата на пензиските фондови согласно правилата за инвестирање утврдени со закон. Овие правила постојат со цел заштита од прекумерно изложување на ризик од инвестирање. МАПАС го супервизира работењето на друштвата со цел заштита на интересите на членовите на пензиските фондови.

Друштвата се обврзани да водат точна и ажурна евиденција за секоја индивидуална сметка. Евиденцијата се однесува на придонесите за секој член, приносот од инвестициите и сите трансфери на средства. Секое друштво е должно на редовна основа да ја известува МАПАС за состојбата на друштвото, неговата актива и пасива, трансакциите и трошоците, да и доставува информации за акционерите и членовите на управниот и надзорниот одбор.

Како се инвестираат средствата кои се акумулираат во вториот столб?
Во законот и подзаконските акти е регулирано дека средствата може да се инвестираат во банкарски депозити и сертификати за депозити, обврзници и други должнички хартии од вредност, акции и комерцијални записи издадени од издавачи со седиште во Република Македонија и странство во државите членки на Европската Унија или ОЕЦД. Имајќи во предвид дека е неопходно е да се постигне соодветна диверсификација помеѓу различните видови на инвестиции предвидени се максимални ограничувања за инвестирање во одредена компанија и максимални ограничувања на износите кои можат да бидат инвестирани во одредени видови на инструменти. Со цел спречување на инвестиции во инструменти кои не се погодни за инвестирање на пензиските фондови законски се забрануваат инвестиции во акции, обврзници и други хартии од вредност кои не котираат или со кои јавно не се тргува, инструменти кои не може веднаш да бидат проценети, повеќето форми на имот кои не можат веднаш да бидат проценети и ставки од несигурна вредност, на пример антиквитети или уметнички дела.

Што ако не сум задоволен од управувањето со средствата на мојата сметка во вториот и третиот
столб?
Доколку не сте задоволни со услугите на друштвото кое управува со пензискиот фонд во кој сте зачленети можете да се префрлите во друго друштво.

Кој го супервизира и регулира вториот и третиот столб?
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС врши супервизија на работењето на пензиските друштва кои управуваат со задолжителни пензиски фондови и на задолжителните пензиските фондови со цел да се заштитат интересите на членовите во капитално финансираното пензиско осигурување, да се поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување и да се јакне свеста на јавноста за карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување.
МАПАС за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија. Орган на МАПАС е Советот на експерти.

Како регулатор и супервизор, МАПАС ги врши следните работи:

а) спроведува активности за прибирање барања за основање пензиски друштва, издава, повлекува и одзема дозволи за основање на пензиски друштва, издава дозволи за вршење дејност – управување со доброволни пензиски фондови, дозволи за вршење дејност – управување со задолжителни пензиски фондови и издава, повлекува или укинува одобренија за управување со задолжителни и/или доброволни пензиски фондови;

б) врши супервизија на работењето на пензиските друштва и пензиските фондови со кои тие управуваат, а особено го контролира законитото работење на истите;

в) врши супервизија на работењето на правните лица кои се чувари на средствата на задолжителните и/или доброволните пензиски фондови и на странските менаџери на средства на задолжителниот и/или доброволниот пензиски фонд во врска со работењето со тие средства;

г) го промовира, го организира и го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување во Република Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика;

д) ја развива свеста на јавноста за целите и принципите на пензиските друштва и на задолжителните и доброволните пензиски фондови, за придобивките од членување во задолжителен и/или доброволен пензиски фонд, вклучувајќи ги и целите, принципите и придобивките од учество во професионална пензиска шема, за правата на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови и за други прашања во врска со капитално финансираното пензиско осигурување;

ѓ) дава предлог за покренување на прекршочни и кривични постапки пред надлежен орган против пензиските друштва, чувари на имот на задолжителни и/или доброволни пензиски фондови, странски менаџери на средства и други лица во случај на повреда на одредбите на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и на други закони;

е) ги следи и ги разгледува финансиските извештаи на задолжителните и доброволните пензиските фондови и на пензиските друштва;

ж) води регистар на агенти, регистар на членови на задолжителни пензиски фондови и регистар на задолжителни и доброволни пензиски фондови;

з) заради обезбедување на ефикасна супервизија и регулатива на капитално финансираното пензиско осигурување и на финансискиот сектор, соработува со Министерството за финансии, Народната банка на Република Македонија, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и со други органи и институции во земјата и во странство. Обемот, содржината и формата на соработка подетално меѓусебно ги уредува Агенцијата со надлежните органи и институции;

ѕ) соработува со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во делот на овластувањата што му се доверени на тој фонд со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување;

и) ги обработува личните податоци согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци;

ј) бара и дава лични податоци на користење согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци;

к) донесува акти согласно со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и согласно со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;

л) донесува интерни упатства за својата работа и изготвува стручни упатства, прирачници и слично, во врска со капитално финансираното пензиско осигурување;

љ) иницира донесување на прописи и други акти во врска со пензиските друштва и со пензиските фондови со кои тие управуваат;

м) се зачленува и учествува во домашни и меѓународни организации, кога таквото учество е во интерес на македонскиот пензиски систем, и

н) врши други работи согласно со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и согласно со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

Како се заштитени од злоупотреба средствата во вториот столб?
МАПАС ја супервизира работата на друштвата на дневна основа со цел да се осигура дека тие ги следат правилата за инвестирање на средствата на пензиските фондови. Овие правила се со цел заштита од прекумерно изложување на ризик при инвестирање на средствата на пензиските фондови.

Средствата на пензиските фондови се целосно одвоени од средствата на друштвата кои управуваат со нив. Чуварот на средствата на пензиските фондови – безбедно ги чува средствата на задолжителните пензиски фондови на посебни сметка, издвоени од средствата на друштвата. Чувар на имот е деловна банка која исполнува одредени законски услови.

И, конечно, од Буџетот на Република Македонија се уплатуваат средства во задолжителен пензиски фонд ако средствата на задолжителен пензискиот фонд се намалиле како резултат на кривично дело измама, кражба или проневера. Оваа обврска не се однесува на загубата на вредноста на средствата на задолжителен пензиски фонд во случај на инвестирање спротивно на законот или на загуба причинета од измама и кражба во субјект во чии хартии од вредност се инвестирани средства на задолжителен пензиски фонд.

Важно е да се нагласи дека за средствата на пензиските фондови не постои осигурување од ризик на пазарот на капитал. Имено, доколку вредноста на сметководствената единица се намали поради лошите перформанси на пазарот, ниту Владата ниту пак друштвото не се обврзани да ја надоместат загубата.

Што е чувар на имот?
Чуварот на средствата на задолжителни пензиски фондови – безбедно ги чува средствата на задолжителните пензиски фондови на посебни сметка, издвоени од средствата на друштвата. Чувар на имот на домашните средства на задолжителните пензиски фондови е банка која има дозвола издадена од Народната банка на Република Македонија и која ги исполнува условите наведени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Кој ги собира придонесите за вториот столб?
УЈП односно Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОМ) вршат централизирана наплата на придонесите, а Фондот на ПИОМ врши пренесување на задолжителните придонеси и соодветните податоци за членовите во избраните задолжителни пензиски фондови.

Какви ризици се поврзани со вториот столб?
Во секој систем, ризикот е неизбежен. Ризикот е форма на несигурност која може да резултира во примање помала пензија од очекуваната. Ризикот произлегува од фактот дека ниту Владата ниту пак поединците можат точно да ги предвидат идните демографски и економски промени. Доколку ваквите промени се совршено предвидливи, не би постоел ризик, а идното ниво на пензии би можело да се прогнозира со 100% точност.

Систем со еден столб е изложен на поголем ризик бидејќи финансирањето на пензиите е само од еден извор. Спротивно на тоа, системот со два столба ги диверзифициран изворите на финансирање – тековно финансирање на првиот столб и капитално финансирање на вториот столб. Овој диверзифициран финансиски пристап помага во намалување на вкупниот ризик за идниот пензионер да не добие адекватен пензионерски приход.

Двата системи, со еден и со два столба, се изложени на ризик поврзан со демографски промени. Меѓутоа, системот со два столба е помалку изложен на ризик бидејќи тековното финансирање има помала улога во системот со два столба отколку во системот со еден столб. Додека системот со два столба е изложен на помал демографски ризик од системот со еден столб, системот со два столба носи ризик кој не постои кај системот со еден столб, а тоа е ризик поврзан со пазарите на капитал.

Ризикот на пазарот на капитал е несигурноста поврзана со одредени инвестиции. Овој ризик варира од инвестиција до инвестиција. На пример, владините обврзници од развиените земји како што се САД, Германија и Јапонија се ниско – ризични инвестиции, бидејќи веројатноста обврзниците да бидат платени на време е 100%. Спротивно на тоа, акциите на фирма за комуникации во Кина може да носи висок степен на ризик, бидејќи пазарот на хартии од вредност во Кина е се уште млад како и поради фактот што секторот за телекомуникации се смета за ризичен.

За да се заштитат заштедите на работниците од премногу ризичните инвестиции, инвестирањето на средствата на пензиските фондови е регулирано со Закон и подзаконски акти. На пример, на друштвата за управување со пензиски фондови не им е дозволено да инвестираат повеќе од 5% од средствата на пензискиот фонд во еден вид на акција.

Пазарниот ризик ќе биде намален до одредено ниво, едноставно со времетраењето во кое членовите ќе акумулираат заштеди. Додека пазарите на капитал се често променливи на краток рок, на долг рок пазарите се движат нагоре. Бидејќи работниците настојуваат да влезат на пазарот на труд во нивните 20-ти години и да се пензионираат во 60-те, нивните средства ќе се акумулираат во вториот столб за период од дури 40 години. Поради тоа, краткорочните падови нема да имаат негативно влијание на нивните пензионерски приходи.

Што се случува ако пазарите на капитал не функционираат добро?
Како тоа ќе се одрази на
мојата пензија?
На долг рок цените на хартиите од вредност на солидните компании имаат тенденција на растење. Иако овој нагорен тренд може да биде прекинат со периоди на стагнација или паѓање на цените на хартиите од вредност, вториот столб е предвиден да дава резултати на долг рок. За еден работник кој акумулирал средства за период од 30 до 40 години нема да имаат значење краткорочните флуктуации врз конечната пензија.

Исто така треба да имате во предвид дека пензијата од двостолбниот пензиски систем ќе се исплаќа од два извора: од првиот столб, финансиран на основа на генерациска солидарност и од вториот столб, каде пензијата ќе зависи од акумулираните средства на вашата лична сметка. Затоа, велиме дека во вториот столб постои диверсификација на ризикот. Така, ако од изворите не успее да обезбеди соодветно ниво на пензија тука е вториот извор да ја обезбеди потребната поддршка. За разлика од едностолбниот систем во кој не постои диверсификација на ризикот и кој е почувствителен на демографски и политички ризици.

Дали може да ги искористам моите заштеди во вториот столб пред да се пензионирам?
Не, бидејќи намената на средствата на Вашата лична сметка во приватниот пензиски фонд е да обезбеди извор на пензионерски приход. Затоа, не Ви е дозволено да ги повлечете заштедите пред Вашето пензионирање.

Дали може да позајмам од моите заштеди во вториот столб?
Не, бидејќи намената на средствата на Вашата лична сметка во приватниот пензиски фонд е да обезбеди извор на пензионерски приход. Затоа, не Ви е дозволено да ги повлечете заштедите пред Вашето пензионирање.

Дали можам да повлечам дел од моите средства во втор столб како еднократна исплата при
пензионирањето?
Не, туку по пензионирањето со Вашите заштеди може да купите ануитет кој ќе Ви обезбеди месечни исплати на пензија, или ќе можете да ја повлекувате Вашата заштеда постепено, по пат на т.н. „програмирано повлекување”. Нема да можете едноставно да ги повлечете Вашите заштеди одеднаш по пензионирањето, бидејќи целта на вториот столб е да обезбеди стабилен, редовен прилив на пензионерски приход во текот на Вашата старост.

Како моите заштеди ќе се претворат во пензија кога ќе се пензионирам?
По пензионирањето, Вашата заштеда ќе можете да ја користите на еден од следните начини:

• доживотен непосреден ануитет;

• програмирани повлекувања;

• привремени програмирани повлекувања во комбинација со доживотен одложен ануитет

Јас сум работодавец – што треба да направам за да ја подготвам мојата фирма за вториот столб?
Системот со два столба не создава никакви дополнителни административни обврски за работодавците. Работодавците продолжуваат да плаќаат придонеси на Фондот на ПИОМ. Тие не поднесуваат специјални формулари во кои се специфицира кои работници се членови на системот со еден столб, а кои работници се членови на системот со два столба. Напротив, единствена обврска на работодавецот е да поднесе на месечна основа до Управата за јавни приходи, податок за бруто платата и придонесите на вработените во електронска форма. Се забранува работодавецот да врши притисок врз своите вработени во кој пензиски фонд ќе се зачленат, бидејќи тоа е нивен личен избор и не е поврзан со работното место.

Доколку преминам во системот со два столба, дали подоцна можам повторно да се вратам во
системот со еден столб?
Не, бидејќи доколку преминете во системот со два останувате во него до крајот на работниот век.

Доколку одлучам да останам во системот со еден столб, дали можам да преминам во системот
со два столба по неколку години?
Не, бидејќи доколку одлучите да останете во системот со еден столб, тоа ќе биде до крајот на Вашата кариера.

Како се финансираат инвалидските пензии во системот со два столба?
Доколку осигуреникот кој остварил право на инвалидска пензија е член на вториот столб, вкупниот износ на средствата на сметката на тој член се пренесува во Фондот на ПИОМ и целосната исплата на инвалидската пензија пресметана на горенаведениот начин се исплаќа од Фондот на ПИОМ. По исклучок, доколку акумулираните средства на сметка на членот се повеќе од износот потребен за исплата на инвалидска пензија согласно Законот на пензиско и инвалидско осигурување, тогаш членот може да избере наместо таа пензија да користи пензиски ануитет или програмирано повлекување. Овој исклучок нема да се применува во текот на првите 5 години од имплементацијата на системот односно првите пет години од датумот на почеток на уплата на придонес во вториот столб, што значи до 31.12.2010 година.

Како се финансираат семејните пензии во системот со два столба?
Во случај на смрт на член на пензиски фонд од вториот столб, чии членови имаат право на семејна пензија, вкупниот износ на средствата на сметката на тој член се пренесува во Фондот на ПИОМ и целосната исплата на семејната пензија пресметана на горенаведениот начин се исплаќа од Фондот на ПИОМ. По исклучок, доколку акумулираните средства на сметка на членот се повеќе од износот потребен за исплата на семејна пензија согласно Законот на пензиско и инвалидско осигурување, тогаш корисникот на семејна пензија може да избере наместо таа пензија да користи пензиски ануитет или програмирано повлекување. Овој исклучок нема да се применува во текот на првите пет години од имплементацијата на системот односно првите пет години од датумот на почеток на уплата на придонес во вториот столб, што значи до 31.12.2010 година.

Јас сум полицаец – дали постојат некои посебни уредувања за мене?
Осигурениците кои припаѓаат во Главата IV – Стекнување и остварување на правата на определени категории осигуреници под посебни услови од Законот за пензиско и инвалидско осигурување (вработени со бенефициран стаж во МВР, казнено-поправни домови, АРМ и слично) и индивидуалните земјоделци не може да бидат членови на вториот столб. По исклучок, доколку лицата кои припаѓале на горенаведените категории го променат статусот, може во рок од три месеци од промената да се зачленат во вториот столб по сопствен избор. Истотака, лицата кои веќе се вклучиле во вториот столб, а потоа го менуваат статусот и стануваат припадници на горенаведените категории имаат право да се вратат во едностолбниот систем во рок од три месеци од промената на статусот.

Јас сум самостојно вработен – дали постојат некои посебни пензиски законски прописи за мене?
Нема посебни правила и одредби за Вас. И понатаму продолжувате да плаќате придонеси на истиот начин како и во едностолбниот систем. Доколку првпат сте се вработиле пред 1 јануари 2003 сте имале право да одберете дали ќе преминете во вториот столб. Доколку пак сте прва пат вработени по 1 јануари 2003 година вие сте задолжителен член на вториот столб и имате право да избере пензиски фонд во кој сакате да членувате во рок од три месеци од Вашето прво вработување. Доколку не го сторите тоа МАПАС ќе ве распредели по службена должност во еден од приватните пензиски фондови.

Трет столб

А. Основни прашања

Што e доброволен пензиски фонд?
Отворен инвестициски фонд во кој се уплаќа доброволен пензиски придонес и кој е основан и управуван од друштво за управување со доброволни пензиски фондови или друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.

Кој ќе управува со средствата на доброволниот пензиски фонд?
Со средствата на доброволниот пензиски фонд може да управува само друштво за управување со доброволни пензиски фондови или друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови кое има дозвола и одобрение од МАПАС.

На кого се однесува третиот столб?
Третиот столб се однесува на сите лица постари од 15 години кои се во можност и кои сакаат да издвојуваат дополнителни средства од своите тековни примања за уплата на придонес.

Во доброволното капитално финансирано пензиско осигурување може да се вклучат:

– Лицата кои се опфатени со системот на задолжително пензиско осигурување,
– Лицата кои не се опфатени со системот на задолжително пензиско осигурување, а сакаат да штедат средства за пензија.
– Лица за кои може да се уплаќаат средства од страна на друго лице/лица

Кој ќе го контролира и регулира третиот столб?
Третиот столб како и вториот ќе биде регулиран и контролиран од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензисико осигурување (МАПАС)

Б. Лиценцирање на друштва

Колку друштва би се основале со воведувањето на третиот пензиски столб?
Согласно законската регулатива, друштво за управување со доброволни пензиски фондови се основа врз основа на дозвола од Агенцијата и управува со пензиски фонд врз основа на одобрение за управување со доброволен пензиски фонд издадено од Агенцијата. Заради добивање на дозвола за основање на друштво заинтересираните лица доставуваат до Агенцијата барање со документацијата и деловен план кој ги содржи поединостите за сите надоместоци и провизии што ќе се наплатуваат согласно закон. Ба­ра­ње за одо­бре­ние за упра­ву­ва­ње со доброволен пен­зи­ски фонд се доставува заедно со барањето за дозвола за основање на друштво. Исто така, законот предвидува и основање на друштва за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, врз основа на дозвола од Агенцијата и одобрение за управување со задолжителен и одобрение за управување со доброволен пензиски фонд.

Кои се условите за добивање дозвола за основање на друштво за управување со доброволни пензиски фондови?
Основач на друштво за управување со доброволни пензиски фондови кои поседува 51% или повеќе од основачкиот капитал на друштвото, може да биде финансиска институција која ги исполнува следните услови:

  • да има:
    o сопствени средства најмалку во износ од 9.000.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на пријавување за дозвола, доколку е банка;
    o основна главнина најмалку во износ од 3.000.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на пријавување за дозвола, доколку е друштво за осигурување;
    o основна главнина најмалку во износ од 500.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на пријавување за дозвола, доколку е друштво за управување со инвестициски фондови;
    o основна главнина најмалку во износ од 1.000.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на пријавување за дозвола, доколку е странско друштво за управување со пензиски фондови; и
    o основна главнина најмалку во износ од 5.000.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на пријавување за дозвола, за останати финансиски институции.
  • да е регистрирано и да работело најмалку три години;
  • да e во континуитет солвентно во неговото работење во Република Македонија или во странство; и
  • да има менаџерски тим составен од компетентни, стручни и искусни лица.

Основач на друштво за управување со доброволни пензиски фондови кој поседува 51% или повеќе од основачкиот капитал на друштвото, може да биде правно лице кое поседува повеќе од 50% од акциите со право на управување на финансиска институција која ги исполнува горенаведените услови.

Основач на друштво за управување со доброволни пензиски фондови кој поседува помалку од 51% од основачкиот капитал на друштвото може да биде правно лице кое ги исполнува условите наведени погоре освен условот за минимална основна главнина.

Кои се условите за добивање дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови?
Ос­но­вач на друш­тво за упра­ву­ва­ње со задолжителни и доброволни пензи­ски фон­до­ви може да биде прав­но ли­це што ги ис­пол­ну­ва след­ни­те ус­ло­ви:

  • да има ка­пи­тал нај­мал­ку во из­нос од 20.000.000 евра во де­нар­ска про­тив­вред­ност по сре­ден курс на На­род­на­та бан­ка на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја на де­нот на при­ја­ву­ва­ње за доз­во­ла;
  • да е регистрирано и да работело најмал­ку три го­ди­ни;
  • да е во кон­ти­ну­и­тет сол­вент­но во не­го­во­то ра­бо­те­ње во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја или во странс­тво; и
  • да има по­сто­јан ме­на­џер­ски тим со­ста­вен од ком­пе­тент­ни, струч­ни и искус­ни ли­ца.

До­кол­ку ка­ко ос­но­вач се ја­ви стран­ска фи­нан­си­ска ин­сти­ту­ци­ја по­крај горенаведените ус­ло­ви, мо­ра да има реј­тинг пре­по­рач­лив за ин­ве­сти­ра­ње спо­ред ре­но­ми­ра­ни ме­ѓу­на­род­ни кре­дит­ни реј­тинг аген­ции, нај­мал­ку за пер­и­од од ед­на го­ди­на пред да се при­ја­ви ка­ко ос­но­вач.

Основач на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови кој поседува 51% или повеќе од основачкиот капитал на друштвото, може да биде правно лице или група правни лица кои имаат реј­тинг пре­по­рач­лив за ин­ве­сти­ра­ње спо­ред ре­но­ми­ра­ни ме­ѓу­на­род­ни кре­дит­ни реј­тинг аген­ции, нај­мал­ку за пер­и­од од ед­на го­ди­на пред да се при­ја­ви ка­ко ос­но­вач.

Колку изнесува минималниот основачки капитал кој треба да го поседува друштво кое управува со задолжителен пензиски фонд за да основа и друштво за управување со доброволни пензиски фондови?
Основачкиот капитал на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови изнесува најмалку 1.800.000 евра. Друштвото за управување со задолжителни пензиски фондови основано со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување може да управува и со доброволен пензиски фонд по добиена дозвола за вршење на дејност – управување со доброволни пензиски фондови од Агенцијата, а по извршената промена во Централниот регистер на Република Македонија, од страна на Агенцијата добива одобрение за управување со доброволен пензиски фонд. Агенцијата ќе издаде дозвола доколку друштвото ги исполнува законските барања за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, вклучувајќи го и барањето за основачки капитал од најмалку 1 800 000 евра. Тоа значи дека доколку друштво за управување со задолжителни пензиски фондови има основачки капитал поголем од 1 800 000 евра во моментот на поднесување на барањето за добивање дозвола за вршење на дејност – управување со доброволни пензиски фондови, ќе се смета дека го има исполнето условот за минимален основачки капитал.

В. Членство и придонеси

Како се станува член на ТРЕТ СТОЛБ?
Едно лице може да стане член на доброволен пензиски фонд со потпишување на договор за членство со овластен агент на друштво за управување со доброволен пензиски фонд или друштво за управување со задолжителен и доброволен пензиски фонд и уплата на придонес со што лицето добива доброволна индивидуална сметка. Член може да се стане и со учество во професионална пензиска шема и поседување професионална сметка, доколку работодавачот одлучи да обезбеди дополнително пензиско осигурување за своите вработени.

Дали мора секој месец да се уплатуваат средства во доброволен пензиски фонд и во кој износ?
Во Законот за трет столб нема посебни услови, што значи дека не мора да се уплатуваат средства секој месец, а износот на средствата кој ќе се уплатува зависи од одлуката на лицето кое ќе членува во третиот столб или од одлуката на лицето кое ќе уплатува за членот и не мора да е ист при секоја уплата.

Дали јас може да плаќам придонес за ќерка ми која живее во друга држава и кога може да почнам да уплаќам и каде?
Едно лице може да уплаќа средства за друго лице, но во тој случај договорот за членство треба да биде потпишан од: членот, агентот во име на друштвото и уплаќачот кој уплаќа придонес во име и за сметка на членот. Средствата се уплаќаат на доброволната индивидуална сметка на членот, по потпишување на договор за членство и отварање на сметката на членот. Уплатите на придонес ќе се вршат на посебна парична сметка на доброволниот пензиски фонд, која се води кај чуварот на имот и потоа ќе се распоредуваат на доброволната индивидуална сметка на членот.

Како ќе се врши уплатата на придонесот?
Уплатата на доброволниот придонес може да ја врши членот или трето лице во име и на сметка на членот, врз основа на договор на членство во доброволен пензиски фонд. Уплатата на доброволен придонес исто така може да ја врши работодавец или здружение на граѓани кое организира и финансира професионална пензиска шема. Уплата на придонесот се врши во износ и во периоди по слободен избор на плаќачот, што значи дена нема минимални или максимални ограничувања на уплатите, ниту определени периоди на кои мора да се плати придонес. Уплаќачот плаќа кога е во можност, а во периодите кога не плаќа членот ги задржува сите права. Уплатите на придонес ќе се вршат на посебна парична сметка на доброволниот пензиски фонд, која се води кај чуварот на имот и потоа ќе се распоредуваат на доброволната индивидуална сметка или професионалната сметка на членот во зависност од начинот на членство.

Дали на износот на придонесот за трет столб што го плаќа работодавачот треба да ги плати и придонесите за здравство и пио, односно дали е ослободен само од персоналниот данок или и од придонесите?
Износот за трет столб кој работодавецот го уплаќа за своите работници не влегува во бруто плата, па според тоа не подлежи на плаќање на придонесите за здравствено и пензиско и инвалидско осигурување

Вработена сум и плаќам надомест за двата столба. Дали со воведувањето на третиот столб имам право да бирам помеѓу него и вториот столб?
Бидејќи Вие веќе сте член на еден од двата пензиска фонда кои работат во рамките на вториот столб и понатаму останувате член на вториот столб, но секако можете по Ваш личен избор да бидете осигурени и во третиот столб, како дополнително пензиско осигурување за поголема пензија.

Дали е возможно да не се избере вториот столб и да се одбере само третиот (нормално со првиот)? (доколку прекинам со работа или се вработам на друго место – или опција – претходно невработен)
Возможно е само за оние осигуреници кои се осигурени само во првиот столб (доброволните членови, вработени пред 1.01.2003г. кои во законски определениот рок не избрале пензиски фонд во вториот столб). Само тие можат да бидат осигурени само во првиот и доколку изберат и во третиот столб, без вториот столб.

Лицата кои се веќе членови во вториот столб, доколку прекинат со работа или се вработат на друго место, остануваат членови на пензискиот фонд во вториот столб каде што и претходно биле членови што значи дека не е прекинато членството, а имаат право доколку сакаат дополнително да се осигураат и во третиот столб.

Дали може да се биде член само во првиот столб и да се одлучам за опција во осигурителни компании (не фондови) за животно осигурување, кое, на некој начин претставува цел штедење за пензија?
Без разлика дали сте член на првиот, вториот или третиот столб може да штедите во осигурителни компании за животно осигурување. Меѓутоа, животното осигурување во осигурителна компанија не е пензиско осигурување и не го претставува третиот пензиски столб, односно штедење за пензија и не ги има истите карактеристики и поволности (даночни олеснувања и сл.) како штедењето во третиот столб.

Со воведувањето на третиот столб, се нудат ли некои добивки во однос на уплатените средства?
Уплатените средства, намалени за надоместокот од придонес, се инвестираат и се акумулираат на индивидуалната сметка на членот и заедно со приносот од инвестирањето се дел од неговата идна пензија. Сите тие средства заедно го формираат износот од кој ќе се исплаќа пензискиот надомест од доброволното пензиско осигурување.
Други дополнителни придобивки од третиот столб се даночните олеснувања за членот но, и за работодавецот кога станува збор за професионални пензиски шеми.

Г. Професионални пензиски шеми

Јас сум работодавец – што можам да направам во мојата фирма во однос на третиот столб?
Како работодавач можете да обезбедите и финансирате професионална пензиска шема за своите вработени, за што треба да направите договор со своите вработени и да изберете друштво кое ќе управува со професионалната шема во рамките на доброволниот пензиски фонд со кој управува тоа друштво. Во професионалната шема Вие може да уплаќате средства за сите вработени или за оние вработени за кои Вие сметате дека тоа е потребно во износ кој Вам Ви одговара согласно материјалните и финансиските можности на компанијата.

Што е професионална пензиска шема и кој може да организира?
Професионална пензиска шема претставува шема помеѓу работодавач и неговите вработени или здружение на граѓани и неговите членови, вклучена во доброволен пензиски фонд. Повеќе работодавачи или повеќе здруженија на граѓани може заедно да организираат и финансираат професионални пензиски шеми. Работодавачот донесува правила за професионалната пензиска шема и потпишува договор за организирање и финансирање професионална пензиска шема со претставник на своите вработени или членови. Секој учесник во професионална пензиска шема потпишува изјава за согласност за учество во професионална пензиска шема и ја доставува до работодавачот. Работодавачот потпишува договор со друштвото кое го избрал да управува со доброволниот пензиски фонд во кој ќе биде вклучена професионалната пензиска шема. Работодавачот може да определи кои вработени или членови можат да учествуваат во професионалната пензиска шема и да ја определи стапката на придонес која ќе ја уплаќа за секој од нив.

Дали договорот меѓу друштво и работодавач во врска со професионална пензиска шема мора да го потпише агент на друштвото или може и претставник на друштвото?
Осигурителот (работодавач или здружение) потпишува договор само со овластен потписник на друштвото кое управува со доброволен пензиски фонд во кој ќе биде вклучена шемата. Осигурителот може да склучи договор и со агент но само ако тој е овластен од страна на друштвото за склучување на ваков тип на договори.

Д. Маркетинг активности и правила

Дали агент на втор столб може да работи и како агент на трет столб?
Постојните активни агенти на пензиските друштва се овластени да склучуваат договори и за вториот и за третиот столб.

Како ќе се вршат маркетинг активностите?
Никој освен пензиско друштво основано согласно закон не може да врши работи на маркетинг ниту да нуди доброволни пензиски фондови, професионални пензиски шеми или слични пензиски аранжмани.

Генерални правила:

– Никој не смее на друго лице да нуди било какви подароци со цел да го наведе да се зачлени или да остане член во некој доброволен пензиски фонд како и да учествува или да остане во професионална пензиска шема.

– Друштвата, поврзаните лица на друштвата и агентите или вработените во друштвата и во поврзаните лица не смеат да даваат погрешни и неточни информации за доброволниот пензиски фонд, професионалната пензиска шема или за друштвото кое управува со тој фонд или информации кои можат да ги доведат во заблуда членовите на доброволниот пензиски фонд, лицата кои имаат право да станат членови, лицата кои во иднина би имале право да станат членови, осигурители и потенцијални осигурители, ниту со усни изјави, пишан материјал, преку оглас и било каков друг рекламен материјал.

– Друштвата, поврзаните лица на друштвата и агентите или вработените во друштвата и во поврзаните лица не смеат да даваат никакви изјави или предвидувања за идните инвестициски резултати на доброволниот пензиски фонд,

-Заради обезбедување фер и објективно информирање на јавноста, Агенцијата ги одобрува сите материјали за маркетинг пред нивното објавување или емитување. Агенцијата донесува упатства за содржината на рекламите и за другиот пишан промотивен материјал на доброволните пензиските фондови и на друштвата. Друштвото е должно да ги доставува материјалите на одобрување до Агенцијата и не смее да објави или емитува неодобрен материјал за маркетинг.

-Доколку Агенцијата смета дека некоја реклама или друг пишан материјал може да предизвика заблуда, може со решение да го забрани или одложи неговото објавување или дистрибуција и да нареди објавување на измена на тој материјал во рок кој самата ќе го определи.

Oд кога може да се врши маркетинг?
Друштво за управување со доброволни пензиски фондови не може да отпочне со активности на маркетинг и испитување на јавното мислење пред уписот во Централниот регистар на Република Македонија и пред датумот определен од Агенцијата.

Дали агентите на друштвата за управување со доброволни пензиски фондови ќе може да вршат маркетинг на работни места?
Забрането е вршење маркетинг на доброволен пензиски фонд на лице во неговите работни простории. Одговорно лице не смее на вработен да му рекламира доброволен пензиски фонд, освен во случај кога работодавач организирал своја професионална пензиска шема за своите вработени.

Кога МАПАС ќе ги организира испитите за агенти?
Согласно Правилникот за начинот и постапката за полагање испит за стекнување својство на агент и за запишување на лицето во регистарот на агенти, МАПАС организира редовни испити за агенти четири пати во годината. Испитот се одржува во последната недела на месеците: март, јуни, септември и декември. По исклучок Агенцијата може да одржува испити и во пократки рокови. Овој испит содржи прашања од областа на задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување.

Агентите на друштвата за управување со задолжителни пензиски фондови основани пред влегувањето во сила на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување полагаа дополнителен испит за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и се пререгистрираат во Регистарот на агенти,со добивањето на овие друштва дозвола за управување до доброволен пензиски фонд.

Ѓ. Инвестирање на средствата

Како ќе биде регулирано инвестирањето на средствата од третиот столб?
Инвестирањето на средствата од третиот столб е регулирано со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и подзаконски акт во кој Агенцијата подетално ги уредува условите за земјите, квалитетот на инструментите и условите што треба да ги исполнат пазарите за хартии од вредност, во кои може да се инвестираат средствата на пензиските фондови

Каде ќе може да се инвестираат средствата од третиот столб?
Средствата на доброволниот пензиски фонд можат да се инвестираат само во следните видови инструменти:

а) банкарски депозити во банки кои имаат дозвола издадена од Народната банка на Република Македонија, доколку носат камата;

б) обврзници и други хартии од вредност што ги издала или за кои гарантира Народната банка на Република Македонија;

в) сертификати за депозит, комерцијални записи и обврзници издадени или гарантирани од банки кои имаат дозвола издадена од Народната банка на Република Македонија;

г) хартии од вредност врз основа на хипотека издадени од банки кои имаат дозвола издадена од Народната банка на Република Македонија;

д) обврзници и други хартии од вредност што ги издава или за кои гарантира Република Македонија;

ѓ) акции издадени врз основа на одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија од домашни акционерски друштва кои не се инвестициони фондови, кои котираат на официјалниот пазар на берзата на долгорочни хартии од вредност или на друг организиран пазар на хартии од вредност во Република Македонија што го контролира Комисијата;

е) обврзници издадени врз основа на одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, од домашни акционерски друштва кои не се банки, кои котираат на официјалниот пазар на берзата на долгорочни хартии од вредност или на друг организиран пазар на хартии од вредност во Република Македонија што го контролира Комисијата;

ж) комерцијални записи издадени од акционерски друштва во Република Македонија кои не се банки;

з) документи за удел и акции на инвестициски фондови во Република Македонија кои имаат одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија;

ѕ) обврзници и други хартии од вредност издадени од странски влади и централни банки на земјите членки на Европската унија и земјите членки на ОЕЦД:

и) должнички хартии од вредност издадени од Европската централна банка, Европската инвестициона банка и Светската банка;

ј) должнички хартии од вредност кои имаат рејтинг препорачлив за инвестирање според меѓународни кредитни рејтинг агенции, издадени од единиците на локалната самоуправа, недржавни, странски компании или банки од земјите членки на ЕУ и земјите членки на ОЕЦД;

к) акции издадени од странски компании или банки кои имаат рејтинг препорачлив за инвестирање според меѓународни кредитни рејтинг агенции, со кои се тргува на главните берзи во земјите членки на ЕУ и земјите членки на ОЕЦД;

л) документи за удел, акции и други хартии од вредност издадени од овластени отворени и затворени инвестициони фондови со седиште во земја членка на ЕУ и земјите членки на ОЕЦД;

Што ако не сум задоволен од управувањето со средствата на мојата сметка во третиот столб?
Имате право да преминете во друг доброволен пензиски фонд управуван од друго друштво. Доколку воопшто не сте задоволни од третиот столб, можете да прекинете да вложувате средства, а вложените средства можете да ги подигнете најрано 10 години пред возраста за пензионирање (според сегашните закони 52 г за жена и 54 г. за маж).

Дали ќе се користи истиот контен план како за задолжителните фондови?
Агенцијата ќе пропише ист сметковен план и за задолжителните и за доброволните пензиски фондови.

Е. Чување на средствата

Во однос на функцијата банка чувар кои услови треба да ги исполнува банката чувар?
Чу­вар на имот на до­маш­ни­те средс­тва е бан­ка ко­ја има доз­во­ла из­да­де­на од На­род­на­та бан­ка на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. За вр­ше­ње ра­бо­ти на чу­ва­ње на средс­тва на пен­зи­ски фон­до­ви, бан­ка­та мо­ра да ги ис­пол­ни след­ни­ве ус­ло­ви:

– да има ми­ни­ма­лен ка­пи­тал од 20.000.000 ЕВ­РА во де­нар­ска про­тив­вред­ност, во случај на чувар на имот на задолжителен пензиски фонд или минимален капитал од 9.000.000 ЕВРА во случај на чувар на имот на доброволен пензиски фонд, пресметани по сре­ден курс на На­род­на­та бан­ка на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, сог­лас­но со де­фи­ни­ци­ја­та за ка­пи­тал во За­ко­нот за бан­ки­те;

– да не е ак­ци­о­нер во друш­тво­то кое упра­ву­ва со пен­зи­ски­от фонд чиј имот го чу­ва, ни­ту ак­ци­о­нер во не­кое по­вр­за­но ли­це со друш­тво­то и да не­ма ни­ка­ква ка­пи­тал­на по­вр­за­ност ме­ѓу овие ли­ца и

– чле­но­ви­те на ор­га­ни­те на чу­ва­рот на имо­тот и дру­ги­те вра­бо­те­ни во чу­ва­рот на имот да не се чле­но­ви на управ­ни­от од­бор или над­зор­ни­от од­бор, ге­не­ра­лен ди­ре­ктор, ди­ре­ктор или дру­ги вра­бо­те­ни во друш­тво­то кое упра­ву­ва со пен­зи­ски­от фонд чии средс­тва ги чу­ва и да не се во исти та­кви од­но­си со дру­ги ли­ца кои се по­вр­за­ни ли­ца со друш­тво­то.

Дали има ограничување една банка која е основач или поврзано лице на пензиско друштво, да биде чувар на имот на фондот управуван од пензиското друштво кое го основала или чие поврзано лице е?
Доколку една банка е основач или поврзано лице на пензиско друштво, истата не може да биде чувар на имот на фондот управуван од пензиското друштво кое го основала или чие поврзано лице е, но може да биде чувар на имот на фонд управуван од друго пензиско друштво.

Ж. Повлекување на средствата

Дали може да ги искористам моите заштеди во третиот столб пред да се пензионирам? Кога и како може да ги користам средствата од третиот столб?

Средствата од третиот столб можат да се повлекуваат најрано 10 години пред возраста за стекнување на правото за пензија согласно Законот за ПИО (што според сегашните закони би значело дека средствата од третиот столб може најрано да се повлекуваат од возраст 52 г. за жена и 54 г. за маж) или порано во случај на инвалидност, односно општа неспособност за работа. Во случај на смрт на членот наследниците ги наследуваат средствата согласно Законот за наследство. Заштедите од третиот столб може да се искористат преку купување ануитет, програмирано повлекување, исплата на вкупниот износ на средства, еднократно или повеќекратно или комбинација од сите претходни методи.

З. Одданочување

Дефинирање на даночниот третман ЕЕТ
Со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување е прифатен даночен третман според кој не се оданочува придонесот кој се уплаќа за доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, не се оданочуваат приходите од инвестирање на доброволните пензиски фондови и професионалните пензиски шеми додека се оданочува пензискиот надоместок што се исплаќа на осигуреникот кога ќе оствари право на пензија односно прифатен е принцип на оданочување познат како „ослободување-ослободување-оданочување (ЕЕТ).

Дали има ослободување од данок ако некој уплаќа во трет столб?
Во третиот столб, предвидени се даночни олеснувања, најмногу во висина до 6 просечни плати. Потточно:

Осигурителот се ослободува од плаќање на персоналниот данок на доход пресметан на придонесите на своите вработени или членови, уплатени во доброволниот пензиски фонд. Износот на ослободувањето за една календарска година не може да биде поголем од 6 просечни месечни нето плати во Републиката, објавени за претходната година, по вработен или член.

Членот на доброволниот пензиски фонд кој уплаќа сопствени средства во пензискиот фонд или за кого се уплатени средства на неговата индивидуална сметка од друго физичко лице , има право на поврат на персоналниот данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд. Износот на кој се пресметува повратот за една календарска година не може да биде поголем од 6 просечни месечни нето плати во Републиката, објавени за претходната година. Повратот се врши директно на индивидуалната сметка на членот во доброволниот пензиски фонд.

Во ЕЕТ системот, кога и како ќе се плаќа данок од пензијата, при секоја исплата на пензија или одеднаш?
Начинот на исплата на персоналниот данок на пензиски надомест ќе биде дополнително уреден во законот кој ќе ги уредува видовите на пензиски надоместоци или во Законот за персонален данок на доход.

Кога индивидуалец уплаќа пензиски придонес, дали уплаќа бруто износ и кој износ по основ на персонален данок му се враќа, на пр. Ако уплатил во годината 600 евра, дали му се враќаат 60 евра?
Индивидуалецот при уплата на доброволен придонес во доброволен пензиски фонд уплаќа веќе оданочен приход, што значи нето приход, на кој државата го враќа веќе платениот данок. Доколку лицето уплати 600 евра во текот на годината, тогаш (при стапка на персонален данок на доход од 10%) државата ќе изврши поврат на индивидуалната сметка во износ од 66,67 евра)

Дали износот на уплатените придонеси за вработените во пензиската шема ќе биде признат во даночниот биланс на друштвото кое уплаќа за овие вработени?
Со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување е регулирано ослободувањето од персонален данок на доход на износот на уплатените придонеси за вработените во професионалната шема, но не и даночниот третман на уплатите за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување од аспект на данок на добивка. Бидејќи уплатените доброволни придонеси не се дел од бруто платата на работникот, според Законот за данок на добивка не се признаваат како расход во даночниот биланс на работодавецот.

Каква е политиката на даночни олеснувања, постојат ли конкретни погодности за осигурениците и работодавците, во зависност од начинот на уплата на придонесите – на индивидуална или на професионална доброволна сметка?
Согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во случај на уплата на доброволен придонес од страна на работодавец (во својство на осигурител и организатор на професионална шема) на професионална сметка на член на доброволен пензиски фонд, работодавецот при самата уплата веднаш се ослободува од плаќање на персоналниот данок на доход пресметан на уплатените придонеси за своите вработени или членови во доброволниот пензиски фонд. Износот на ослободувањето за една календарска година не може да биде поголем од 6 просечни месечни нето плати во Републиката, објавени за претходната година, по вработен или член.

Членот на доброволниот пензиски фонд кој уплаќа сопствени средства во пензискиот фонд на индивидуална сметка, има право на поврат на персоналниот данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд. Износот на кој се пресметува повратот за една календарска година не може да биде поголем од 6 просечни месечни нето плати во Републиката, објавени за претходната година.

Членот на доброволен пензиски фонд за средствата уплатени на негова индивидуална сметка од страна на друго физичко лице има право на поврат на персоналниот данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд. Износот на кој се пресметува повратот за една календарска година не може да биде поголем од 6 просечни месечни нето плати во Републиката, објавени за претходната година.

S. Надоместоци

Колкав е надоместокот на МАПАС?
Согласно закон, работењето на МАПАС се финансира од неколку вида надоместоци, кои МАПАС ги наплатува од друштвата. Законски е уреден највисокиот износ на надоместок кој може да го наплатува МАПАС, пресметан како процент од придонесите уплатени во пензиските фондови (задолжителни и доброволни) со кои управуваат друштвата и тој максимум изнесува 2,5%, но досега МАПАС секогаш наплатува понизок износ со опаѓачки тренд. Секоја година, со одлука на која согласност дава Владата на Република Македонија, се определува висината на надоместокот за следната календарска година. Висината на надоместокот за 2013 г. е 0,8%.

Кои се провизиите кои чуварите на имот може да ги наплаќаат?
Согласно закон чуварот на имот наплатува надоместок за вршење на своите функции. Овој надоместок го плаќаат друштвата од сопствените средства. Надоместокот се договора меѓу друштвото и чуварот на имот и е вклучен и во нивниот меѓусебен договор за чување на имот. Агенцијата дава согласност на договорот.

Појаснувања

Поставени прашања и барања за појаснувања поврзани со подзаконските акти од областа на капитално финансирано пензиско осигурување поставени од пензиски друштва и заинтересирани лица

П: Појаснување на одредбата од член 49 став (1) точка з) од Правилникот за начинот и постапката за добивање дозвола за основање на пензиски друштва, дозвола за вршење дејност – управување со доброволен и/или задолжителен пензиски фонд и одобрение за управување со задолжителен и/или доброволен пензиски фонд.

О: Нацрт на договор на чувар на имот на задолжителниот пензиски фонд се доставува доколку друштвото одлучи при пререгистрација со изборот за доброволниот пензиски фонд едновремено да изврши промена на чуварот на имот за задолжителниот пензиски фонд. Друштвото самостојно одлучува дали улогата на чувар на имотот на средствата на задолжителниот пензиски фонд и средствата на доброволниот пензиски фонд ќе ја врши еден или два чувари на имот, па оттаму доколку одлучи да изврши промена на чуварот на имот на задолжителниот пензиски фонд се доставува и нацрт на договор со чувар на имот со задолжителниот пензиски фонд.

Меѓутоа, се додека Народната банка на Република Македонија ја врши улогата чувар на имот на задолжителниот пензиски фонд, друштво не треба да достави нацрт на договор со чувар на имот со задолжителниот пензиски фонд во постапката за пререгистрација. Имено согласно член 77 став (2) од Правилникот, друштвото за управување со задолжителни пензиски фондови ќе ја достави документацијата од член 49 став (1) точка з) од Правилникот по изминување на периодот во кој улогата чувар на имот ја извршува Народната банка на Република Македонија.

П: Појаснување и прецизирање на надворешните соработници од член 49 став (1) точка и) од Правилникот за начинот и постапката за добивање дозвола за основање на пензиски друштва, дозвола за вршење дејност – управување со доброволен и/или задолжителен пензиски фонд и одобрение за управување со задолжителен и/или доброволен пензиски фонд.

О: Надворешни соработници се сите правни лица (на пример, ревизорски куќи, софтверски фирми и останато) со кои друштвото има намера да соработува заради извршување на работите во рамките на капитално финансираното пензиско осигурување.

П: Барање за појаснување на член 49 став (1) точка ј) од Правилникот за начинот и постапката за добивање дозвола за основање на пензиски друштва, дозвола за вршење дејност – управување со доброволен и/или задолжителен пензиски фонд и одобрение за управување со задолжителен и/или доброволен пензиски фонд.

О: Описот на сите процедури наведени во овој член друштвата треба да ги достават во постапката за добивање дозвола за управување со доброволен пензиски фонд и претставува едно од барањата кое ќе биде оценувано од страна на Агенцијата и ќе има влијание при одлучувањето за издавање дозвола и одобрение.

П: Барање за појаснување на член 49 став (1) точка а) од Правилникот за начинот и постапката за добивање дозвола за основање на пензиски друштва, дозвола за вршење дејност – управување со доброволен и/или задолжителен пензиски фонд и одобрение за управување со задолжителен и/или доброволен пензиски фонд.

О: При пререгистрација друштвото доставува статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на друштвото која ќе биде донесена од страна на собрание на акционери.

П: Барање за појаснување на член 48 став (1) точка б) од Правилникот за начинот и постапката за добивање дозвола за основање на пензиски друштва, дозвола за вршење дејност – управување со доброволен и/или задолжителен пензиски фонд и одобрение за управување со задолжителен и/или доброволен пензиски фонд.

О: Одлуката за проширување на дејноста на друштвото за управување со пензиски фондови е пропишана во правилникот и истата треба да биде донесена како посебен акт од страна на собранието на акционери.

П: Дали треба да се донесе посебна одлука за зголемување на основната главнина на друштвото по пререгистрација?

О: Друштвото не треба да достави посебна одлука за зголемување на основната главнина бидејќи согласно член 62 став (1) точка а) од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување потребно е од документите и примените податоци да произлезе де­ка до­кол­ку се из­да­де дозвола за вршење на дејност – управување со доброволни пензиски фондови, во друш­тво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови ќе би­де уп­ла­тен основачкиот капитал, а уплата на капиталот е обврска за промена на регистрацијата во Централниот регистар на Република Македонија.

П: Појаснување на член 2, 3 и 5 став (2) од Правилникот за начинот на одделно водење на евиденцијата за доброволниот и за задолжителниот пензиски фонд управувани од друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови како и за мерките потребни за финансиско одделување на задолжителниот од доброволниот пензиски фонд.

О: Со донесената законска регулатива е овозможено едно пензиско друштво да управува и со задолжителен и со доброволен пензиски фонд со цел заштеда на трошоците на друштвото за основната инфраструктура, кадровска и информатичко – технолошка опременост. Сепак, заради заштита на интересите на членовите и спречување на конфликт на интереси, со закон е уредено дека мора да има целосна одвоеност меѓу фондовите со кои управува едно друштво, како во начинот на водење на евиденцијата, така и во управувањето со портфолијата на фондовите.Согласно законските овластувања Агенцијата го пропишува начинот на водење на евиденција и мерките потребни за финансиско одделување на фондовите. Со таа цел во наведениот правилник во член 2 се уредува дека друштво кое управува и со задолжителен и со доброволен пензиски фонд мора да ги води одделно за секој фонд евиденциите за: членови, пренос на средства, уплати на придонеси, сметководство, индивидуални сметки, инвестирање на средства, пензиски надомест и други евиденции кои се однесуваат на пензискиот фонд. Оттука, задолжително е наведените податоци друштвото да ги води одвоено за задолжителниот и доброволниот пензиски фонд. Одредбата не вклучува барање за одделно софтверско решение, меѓутоа во рамките на истото не треба да има поврзаност помеѓу податоците кои се однесуваат на задолжителниот и доброволниот пензиски фонд т.е. податоците треба да бидат во различни табели и шеми и не треба на ниеден начин да се поврзани измеѓу себе. Истотака согласно член 5 став (2) од правилникот е уредено дека друштвото е одговорно за обезбедување мерки за финансиско одделување на задолжителниот од доброволниот пензиски фонд, кои вклучуваат: носење одделни одлуки за инвестирање на средствата на пензиските фондови; одделно спроведување, извршување и евидентирање на налозите за купување и продавање на хартии од вредност; изготвување интерни процедури со кои се обезбедува одделно донесување, спроведување, извршување и евидентирање на одлуките за инвестирање на средствата на пензиските фондови и одделно евидентирање на налозите и извештаите за извршените трансакции и обезбедување редовни интерни контроли на спроведувањето на соодветните интерни процедури. Агенцијата прецизно ги пропишува мерките кои друштвото треба да ги преземе заради исполнување на законските обврски, додека начинот на нивната имплементација во работењето на друштвото преку организација на работни места, вработени и работни задачи, интерни процедури, итн. спаѓа во делокругот на организирање на работење на друштвото и е обврска на самото друштво.

П: Како попрецизно при креирање на инвестиционата стратегија да биде елабориран инвестициониот ризик и посочување на активности кои друштвото треба да ги преземе со цел усогласување кон постојната регулатива?

О: Во овој дел од инвестиционата стратегија, друштвото треба да ги идентификува видовите на инвестициски ризик, да ги опише методите за мерење на ризикот и тоа : кој е генералниот пристап ( метод) кој друштвото ќе го користи за мерење на ризикот како и начинот на мерење на ризикот на целото портфолио и ризикот на поединечните финансиски инструменти, да го определи ризичниот профил на доброволниот пензиски фонд и степенот на толеранција на ризик, како и да ги наведе методите за оценка и контрола на инвестицискиот ризик ( кои вклучуваат диверзификација, стратегија за заштита од инфлација и сл.).

П: Што се компаративни репери во смисла на член 8 точка в) од Правилникот за содржината на документот за инвестициона стратегија на доброволен пензиски фонд?

О: Согласно член 6 од овој правилник, при поставувањето на инвестициските цели, друштвото треба во предвид да ги земе двете димензии на инвестирањето – приносот и ризикот. Обезбедување на добра позитивна долгорочна реална стапка на принос на доброволниот пензиски фонд на пр. над стапката на инфлација и стапката на пораст на плати, е вообичаена инвестициска цел на доброволните пензиски фондови. Друштвото може да одбере друг компаративен репер – берзански индекс, пазарен просек на принос и слично – и да ги постави инвестициските цели во релација со избраниот репер. Член 8 точка в) од Правилникот за содржината на документот за инвестициона стратегија на доброволен пензиски фонд, уредува дека друштвото во документот за инвестициска стратегија треба да ги опише самоограничувањата во инвестирањето на средствата на доброволниот пензиски фонд различни од законски дефинираните, да ги дефинира границите на отстапување од самоограничувањата и од избраните компаративни репери дефинирани во согласност со членот 6 од Правилникот.

П: Дали друштвото треба д а доставува одвоени биланси на успех за друштвото за задолжителниот и за доброволниот пензиски фонд и кој просечен датум да се земе при поделба на трошоците во смисла на Правилникот за формата и содржината на финансиските извештаи на пензиското друштво?

О: Друштвото доставува единствен Биланс на успех со форма и содржина уредена во Образец 2 од Прилогот на Правилникот. Во белешките кон финансиските извештаи, друштвото треба да презентира одвоени податоци единствено за приходите и расходите од управувањето со задолжителниот и доброволниот пензиски фонд. Друштвото нема обврска да презентира одвоени податоци за приходите и расходите од управување со друштвото, ниту за приходите и расходите од вложувања и останати вложувања. Пензиското друштво го определува датумот на кој ќе го прави пресекот за поделба на трошоците, доколку истите не можат да се одделат, преку употреба на бројот на членови како пондер за одделување на трошоците. При тоа, друштвото треба да обезбеди избраниот метод да биде конзистентен за секој извештаен период.


Контакт Информации

  • МАПАС Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
  • Адреса: Стив Наумов 100, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
  • Телефони: (02) 3224 229 / (02) 3166 452
  • Емаил: contact@mapas.mk

Брзи Линкови

  • Вредност на сметководствената единица
  • Слободен пристап до информации
  • Обрасци и барања
  • Локација на испитен центар
  • Важни Информации
  • Архива на E-МАПАС
  • Архива на Настани
  • Политика за приватност
  • Огласи

Е-МАПАС информатор

  • ПРИЈАВИ МЕ ЗА Е-МАПАС
  • Коментари

    Коментари

    Мапас
      • Мапа на сајтот
      • ЧПП
      • Контакт