Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Порта за иновации

Порта за иновации

Портата за иновации претставува комуникациски канал / платформа за комуникација помеѓу иновативната бизнис-заедница (финтек-секторот), Народната банка и финансиските регулатори на небанкарскиот сектор, поради развивање доверба и дијалог помеѓу сите вклучени страни.

Формално дефинирање на финтек може да биде дефиницијата дадена од Одборот за финансиска стабилност: „технолошки овозможена финансиска иновација што може да доведе до нови деловни модели, апликации, процеси или производи со придружен материјален ефект врз финансиските пазари и институции и обезбедувањето финансиски услуги”.

Основна цел на Портата за иновации е да го олесни, да го поттикне и да го помогне развојот на иновации во областа на финансиските услуги и производи кај секоја компанија што сака да започне иновативна бизнис-активност.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување  како финансиска институција дава целосна поддршка во технолошкиот развој кој овозможува финансиски иновации што може да доведат до нови деловни модели, апликации, процеси или производи со придружен материјален ефект врз финансиските пазари и институции и обезбедувањето финансиски услуги, а особено во капитално финансираното пензиско осигурување.

Доколку развивате или применувате иновации во финансискиот сектор и притоа користите нови технологии, би сакале да нè контактирате.

Контакт: porta@nbrm.mk , contact@mapas.mk

 

Skip to content