Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Зелен плик

Заради постојан увид на пензиските заштеди и транспарентност на системот, пензиските друштва до членовите и пензионираните членови на пензиските фондови со кои управуваат, еднаш годишно доставуваат извештај за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио. Известувањата до членовите на пензиските фондови се доставуваат во зелен плик. За едноставен и брз начин на информирање членовите имаат можност извештаите за пензиска заштеда да ги добиваат преку електронска пошта (e-mail).

Во зелениот плик има два вида извештаи:

  1. Првиот извештај претставува информација за состојбата на средствата на индивидуалната сметка за пензиска заштеда.
  2. Вториот извештај содржи информации каде се инвестирани средствата на сите членови заедно со детални податоци за наплатените надоместоците и остварениот принос на пензискиот фонд.

Пензиските друштва до членовите и пензионираните членови на пензиските фондови со кои управуваат, годишните известувања за претходната година треба да ги достават најдоцна до 31 март во тековната година.

Skip to content