Претставник од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување-МАПАС учествуваше во проект „Обука на внатрешни ревизори во јавниот сектор“  организирана од Министерството за финансии во соработка со Центарот за развој на финансиите од Словенија (CEF) и Овластениот Институт за јавни финансии и сметководство од Лондон (CIPFA).

bile

На 25.10.2016 година беше организирано свечено доделување на сертификати на сите учесници на обуката кои успешно ги положија испитите и се стекнаа со меѓународен сертификат за внатрешен ревизор во јавниот сектор.

Претставникот од  Агенцијата беше меѓу тројцата најдобри студенти  кои успешно ги положија испитите од последниот организиран циклус на испити и на крајот од свечениот настан имаше нивна кратка изјава.