Советот на експерти одржа седница на 23.11.2017 година и го донесе:

 

  1. Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот на известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на пензиско друштво.

 

Образложение

 

Со член 1 од измената на Правилникот за начинот на известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на пензиско друштво, се дополнува обврската на пензиското друштво да доставува ажурирана Програма за работење на пензиското друштво и пензиските фондови изработена од член на управен одбор до Агенцијата, записници од одржани седници на управен и надзорен одбор на пензиското друштво и извештаи од вонредни внатрешни ревизии, односно извештаи од внатрешни ревизии кои не се опфатени во годишниот план за работа на внатрешна ревизија .

Со член 2 се определува рокот за достава на програмата, записниците и извештаите.

Со членот 3 од измената се уредува начинот на достава на податоците од овој правилник и податоците од член 96 од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и член 116 од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, поточно се олеснува начинот на достава така што определен број на документи треба да се доставуваат по електронска пошта.

Со членот 4 се определува преоден период во кој постојните пензиски друштва треба да достават ажурирани и усогласени програми за работење на пензиското друштво и пензиските фондови изработени од членовите на управен одбор. Во член 28 став 6) точката б) од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и член 17 став 6) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во кој се регулирани условите за избор на член на Управен одбор на пензиско друштво покрај другото се уредува и дека член на Управен одбор треба да достави програма за работење на друштвото и пензискиот фонд од својот делокруг на работа. Досегашната пракса на работење покажала дека во случај на промена на делокругот на работење на еден член на Управен одбор нивните програми за работење треба да се усогласат, па поради тоа се предлага ажурирање на програмите во случај на промена на делокругот на работењето на член на управен одбор и нивна достава до Агенцијата.