Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиска писменост заедно со пензиските друштва – КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и деловните соработници на пензиските друштва, е задоволна од успешната реализација на активностите и интересот на граѓаните за тековните состојби во пензискиот систем.

Во периодот од 29 до 31 мај 2019 година со голем број на заинтересирани граѓани се спроведени информативно – едукативни средби од страна на стручни лица кои ги информираа за измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

МАПАС како регулаторна и супервизорска институција продолжува во континуитет да се грижи за интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и да го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.

Исто така МАПАС ги известува сите заинтересирани граѓани, идни и постојни членови дека активностите за едукација со цел проширување на знаењето за тековните измени во функционирање на пензискиот систем, а особено за правата и обврските од капитално финансираното пензиско осигурување ќе продолжат и во иднина.

Контактирајте го МАПАС, пензиските друштва и деловните соработници на пензиските друштва за да дознаете повеќе за Вашиот статус и Вашите пензиски средства