Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја известува јавноста дека, со донесените измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување од 28.12.2018 година, 6.069 членови на задолжителните пензиски фондови (кои склучиле Договор за членство во задолжителен пензиски фонд, вработени пред 01.01.2003 година, а родени пред 01.01.1967 година), имаат право да изберат да го прекинат или продолжат членството во вториот пензиски столб. Изборот се врши со писмена Изјава за престанување или продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 30 септември 2019 година. Доколку членот во овој рок не даде изјава, му престанува членството во задолжителен пензиски фонд.

Изјава за продолжување на членство

Изјава за престанок на членство