Информација од 30та седница на Советот на експерти, одржана на 29.04.2020 година

 

Советот на експерти одржа седница на 29.04.2020 година и донесе:

 

  • Правилник за измена на Правилникот за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови

 

Образложение:

 

Со предлог измената на Правилникот за маркетинг на пензиски фондови, се исклучува обрвската на друштвото, маркетинг материјалите објавени во аудио форма, да содржат  информации за Агенцијата. Со ова се постигнува поголема ефикасност во информирањето на јавноста преку радио маркетинг материјалите и се намалува можноста за забуната околу контакт податоците на МАПАС и друштвата.

 

Советот на експерти даде одобрениe/согласност на:

 

  1. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за одобрување на анекс на договор за вршење на работи на банка чувар на имот за задолжителен пензиски фонд и анекс на договор за вршење на работи на банка чувар на имот за доброволен пензиски фонд;
  2. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за определување на Наташа Попоски за одговорно лице за управување со ризици за време на остсуството на одговорното лице Марија Спасев поради бременост, раѓање и родителство и
  3. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на Наталија Лазаревска за одговорно лице за внатрешна ревизија на друштвото.