Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

ИОПС ја објави ажурираната студија на случај за супервизија врз основа на оценка на ризици во Република Северна Македонија, 2019 година

IOPS Toolkit за пензиска супервизија врз основа на оценка на ризици (RBS) обезбедува рамка од 5 модули за пензиските супервизори кои сакаат да применуваат супервизија врз основа на оценка на ризици.
Објавена првпат во 2010 година, IOPS Toolkit за пензиска супервизија врз основа на оценка на ризици е структуриран пристап насочен кон идентификување на потенцијални ризици со кои се соочуваат пензиските фондови и пензиските друштва и кон оценка на финансиските и оперативните фактори што се користат за ублажување на таквите ризици.
Рамката со 5 модули обезбедува практично упатство и вклучува сеопфатни студии на случај за да се илустрира како супервизорите се справиле со предизвиците својствени за спроведување на концептите и техниките на супервизијата врз основа на оценка на ризици.
Заклучно со 2019 година беа објавени ажурираните студии на случај за Австралија, Чиле и Република Северна Македонија.

IOPS RBS Toolkit е на следниот линк:
IOPS Toolkit for Risk-based pension supervision

Skip to content