Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Политика за приватност

Многу е важно да ја заштитите Вашата приватност при користење на интернет, како и да инсистирате, интернет страниците кои ги посетувате да го почитуваат Вашето право на приватност.

Помеѓу другото, ова значи дека интернет страните треба прецизно да ве информираат кои лични податоци ги собираат за вас и за кои цели. Тие секогаш треба да добијат Ваша согласност пред да почнат да ги собираат Вашите лични податоци, да ги обработуваат или пак објавуваат.

Вашата приватност целосно се почитува за време на посетата на нашата интернет страна. Ние не собираме лични податоци за вас, освен доколку не се одлучите да ни пратите e-mail при што доброволно ги давате вашите лични податоци (име, презиме, контакт информации). Природата на Интернетот е таква да пасивно и автоматски собира податоци за навиките на корисниците на интернет, кои се идентификуваат преку нивните IP (интернет протокол) адреси. Овие IP адреси се различни за секој корисник на интернет и се доделуваат од страна на интернет провајдерите. IP адресата сама по себе не е доволна за да се идентификува некое лице, но во соработка со интернет провајдерите може да се открие за кое лице точно станува збор. Поради тоа  IP адресата се смета за личен податок и се штити со закон.

Личните податоци на посетителите на нашата интернет страна кои се добиени заради процесирање на барања и претставки се достапни само на вработените во МАПАС, и тоа само заради горенаведената цел. Вработените во МАПАС се законски обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

МАПАС не може во целост да ја гарантира приватноста на електронската комуникација, и поради тоа Ве молиме да не испраќате лични податоци кои се од чувствителна природа преку e-mail. Доколку е потребно таквите податоци пратете ни ги по пошта на адресата наведена во делот КОНТАКТ.

Серверски евиденции: Нашите сервери автоматски ги евидентираат информациите за посетите на нашата интернет страна. Овие евиденции се статистички показатели кои ги користиме заради подобрување на страната, преку кои ги следиме навиките и преференциите на посетителите на нашата страна, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нуди. Вашата IP адреса, типот на интернет пребарувач, типот на оперативниот систем, траењето на посетата на страницата како и содржините кои ги гледате се евидентираат како статистички податоци во агрегатна форма. Ние не ги користиме овие податоци во комбинација со било кои други податоци заради идентификување на одредени лица. Сепак го задржуваме правото да ги прегледаме овие евиденции и да ги користиме податоците запишани во нив од безбедносни причини, како на пример откривање на упади во компјутерскиот систем на МАПАС. Споредување на овие податоци со податоците кои ги имаат интернет провајдерите (преку користење на IP адресата) можат да го откријат сторителот на ваквото кривично дело.

“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страната. На страната на МАПАС има само таков тип на “Cookies” што исчезнуваат по исклучувањето на интернет пребарувачот, за разлика од оние кои остануваат снимени на вашиот компјутер со години, па и децении. Со помош на ваквите фајлови МАПАС го следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин собира податоци како да ја оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле.

Skip to content