Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седница на совет на експерти

05.11.2013

Советот на експерти на седницата одржана на 30.10.2013 година ги донесе следните правилници

1. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд
Со Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд се доуредува постапката за престанок на учеството во професионална пензиска шема. Односно, покрај условите за престанок на учество во професионална пензиска шема, согласно член 86 став (3) од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, учеството престанува и согласно одредбите од овој закон кои се однесуваат на остварување на право на пензија или смрт на членот, за што е потребно друштвото да добие информација од Фондот на ПИОМ, преку МАПАС, и во тој случај пензиското друштво не смее да прима уплати на придонеси. Исто така со оваа измена се врши усогласување на образецот на договорот за членство со законските измени во делот на управување со средствата на пензискот фонд.

2. Правилник за потврдата со мислење на овластениот актуар
Со овој правилник се уредува начинот, содржината и формата на потврдата со мислење за преземените дејствија, од страна на овластениот актуар на пензиското друштво, во врска со дадени насоки за пресметка на програмираните повлекувања, проверка дали направените пресметки и користените таблици на смртност и каматните стапки се во согласност со закон и подзаконските акти пропишани од Агенцијата и проверка на ликвидноста на пензискиот фонд.

3. Правилник за индивидуални сметки
Со Правилникот за индивидуални сметки се врши усогласување на одредбите на правилникот со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Усогласувањето се однесува на обврската на пензиското друштво, покрај евиденцијата за индивидуални сметки за членовите, да води евиденција и за индивидуалните сметки на пензионираните членови на задолжителниот пензиски фонд.

Skip to content