Советот на експерти на седницата одржана на 17.12.2013 година ги донесе следните акти:
1. Годишен финансиски план за 2014 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
2. Годишната програма за работа на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2014 година
Со овој правилник се врши усогласување со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, поврзани со воведувањето на супервизија врз основа на оценка на ризици. Бидејќи се изменети членовите од двата закона кои се основ за донесување на овој правилник, се донесува нов правилник.
Најголемиот дел од измените во овој правилник произлегуваат заради префрлање на оперативните обврски околу проценка на средствата на пензиски фонд од Агенцијата на чуварот на имот. Заради тие активности се зајакнува потребата од достава на извештаи од чуварот на имот кои треба да бидат основа за контролните функции на Агенцијата. Со тоа Агенцијата ја зајакнува својата улога како регулатор и супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување