На 10 и 11 мај 2012 година, во Скопје, се одржа Втората регионална работилница за пензиска супервизија организирана од ИОПС (Меѓународна организација на пензиски супервизори) и Заедничкиот семинар на ИОПС и ИАИС (Меѓународното здружение на супервизори на осигурување) за меѓусекториски прашања. Овој настан за прв пат се организира во Република Македонија и на него учествуваа претставници од 15-тина земји од регионот и пошироко.
Главна тема на Работилницата беше супервизијата заснована на оценка на ризик. Исто така на оваа работилница се дискутираше на многу корисни теми и ќе има размена на супервизорски искуства, а беа отворени и актуелни прашања од пензиската област, развојот и предизвиците во пензиските системи, инвестициите, надоместоците, итн.
Галерија на фотографии од работилницата