Денес на 14.06.2012 година, во просториите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), се одржа прес конференција на која директорот на МАПАС, д-р Булент Дервиши накратко го презентираше шестиот годишен Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2011 година.
Во Извештајот, покрај описот на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување, содржани се и податоци за капитално финансираното пензиско осигурување, оценка на извршувањето на прописите во областа на капитално финансирано пензиско осигурување, потоа детален опис на состојбите во задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб и трет столб) како и состојбите и трендовите во пензиската област во светот и други податоци од значење за ова осигурување.
На прес конференцијата присуствуваа новинари од печатените и електронските медиуми, како и сниматели. По завршувањето на обраќањето до новинарите, директорот на МАПАС одговори на прашања поставени од новинарите.
Обраќање на директорот, д-р Булент Дервиши
Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2011 година