06.07.2013
На 06.07.2013 година во просториите на МАПАС, во присуство на голем број новинари од електронските и печатените медиуми, Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, д-р Булент Дервиши одржа прес конференција на која накратко беше презентиран седмиот годишен Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2012 година. На прес конференцијата учествуваа и членовите на Советот на експерти, Елизабета Видовиќ, Ментор Јакупи и проф. д-р. Томе Неновски.
Извештајот, кој се однесува на 2012 година, покрај описот на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување содржи и податоци за капитално финансираното пензиско осигурување, оценка на извршувањето на прописите во областа на капитално финансирано пензиско осигурување, потоа содржи детален опис на состојбите во задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб и трет столб) како и состојби и трендови во пензиската област во светот и други податоци од значење за ова осигурување.
На презентацијта, д-р Булент Дервиши, ги истакна и последните активности на МАПАС во насока на подигнување на свеста на јавноста и излегување во пресрет на интересите на своите членови, особено младите како идни членови во тростолбниот пензиски систем преку:
- Активирање на facebook страна
- Изработка и достава на месечен информатор
- Соработка со универзитетите, презентации и делење флаери на студентите за нивните права и обврски во пензискиот систем
- Отворени денови за членовите
Материјалите од прес конференција може да ги најдете на:
– обракање на претседателот на Советот на експерти