Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Тркалезна маса ФИНЕКСПО 2013

06.12.2013

На 5 декември  на Скопскиот саем во рамките на ФИНЕКСПО 2013 се одржа тркалезна маса на тема “Состојби и перспективи на системот на капитално финансирано пензиско осигурување” во оранизација од Асоцијацијата на друштва за управување со приватни пензиски фондови на која учествуваа преставници од Министерството за труд и социјална политика, преставници од пензиските друштва, преставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и професори од Економскиот факулет “Св Кирил и Методиј” Скопје.

На тркалезната маса се дискутираше на теми поврзани со пензиската реформа во РМ, на која свое излагање имаше Ментор Јакупи, внатрешен член на Советот на експерти од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, на тема “МАПАС како самостојно и независно тело, регулатор, супервизор, промотор – клучна алка во системот на капитално финансирано пензиско осигурување”.

Обраќање од Ментор Јакупи -внатрешен член на Советот на експерти на МАПАС

Skip to content