Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Испит за агенти

03.10.2013
На 27.09.2013 година во просториите на ССМ беше спроведен испит за стекнување својство на агенти и дополнителен испит за лицата кои се веќе агенти, организиран од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Дополнителниот испит вкупно го полагаа 244 лица, а  испитот за стекнување својство на агенти  го полагаа 20 лица.>>>

Дополнителниот испит се однесува на делот за исплатата на пензии и пензиски надоместоци регулирана со Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување кој беше донесен во јануари 2012 година. Целта е нивно обучување за вршење на работи на маркетинг и од областа на пензиите и пензиските надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, дополнително на работите на маркетинг за капитално финансирано пензиско осигурување, за кои кандидатите веќе имаат положено испит и се регистрирани како агенти. 

agenti1

agenti2

Skip to content