Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Едукативна кампања за младите

10.10.2013

По најавениот почеток за спроведување на едукативната кампања под мотото : “Моето друштво е мој избор, а штедењето  моја иднина…” од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, МАПАС и двете пензиски друштва на 9ти октомври беа одржани првите презентации за средношколците од завршните години.

МАПАС заедно со претставници од пензиските друштва ги посети првите две средни училишта  СЕПУГС “Васил Антевски Дрен”  и СУГС “Браќа Миладиновци” во Скопје каде се одржаа презентации на учениците од четврта година и им беа поделени информативни брошури. По презентациите се разви дискусија на поставените прашања во врска со пензиското штедење.

Skip to content