Eлизабета Видовиќ дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, 1997 година.
Своето 16 годишно работно искуство го започнува работејќи во Министерството за трговија. Од 2000 година, работи во Министерството за финансии, во Секторот за даночна политика и администрација, каде учествува во изработката на Законот за данокот на додадена вредност и неговите подзаконски акти и даде значаен придонес за неговата успешната имплементација во Република Македонија.
Работното искуство го продолжува работејќи во приватниот сектор, “КПМГ Македонија ДОО”, а потоа во “ Македонски Телеком АД”, на работно место раководител на Секторот за даноци.
Од 2010-2013 година беше член на Комисијата за хартии од вредност на РМ, а од 2013 година е член на Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Има учествувано на повеќе семинари, обуки и конференции, а поседува и сертификат за работа со хартии од вредност од Лондонскиот институт за работа со хартии од вредност.