Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Одржана билатерална работна средба меѓу претставници на МАПАС и претставници од Комисија за финансиска супервизија – сектор за приватни пензии во Република Романија

25.11.2013

На 21 ноември 2013 г. претставници на МАПАС беа во работна посета на Комисија за финансиска супервизија – сектор за приватни пензии во Република Романија, институција со која МАПАС има склучено меморандум за соработка .

Целта на посетата беше размена на искуства заради обезбедување на ефикасна супервизија и регулатива на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

romania1

При тоа се разговараше за најновите настани во капитално финансираното пензиско осигурување во двете земји, кои имаат  тростолбни пензиски системи со слични карактеристики, со посебен акцент на супервизијата. Потоа беше одржана презентација на стрес тестовите и анализите на ризици во Романија. Следеше презентација на најновите супервизорски практики во МАПАС, со акцент на воведувањето на супервизија на оценка на ризик, подготовките за исплата на пензии и пензиски надоместоци од вториот и третиот столб, како и промотивните и едукативни активности на МАПАС со цел едукација на јавноста.

По презентациите, следеше богата дискусија за развојот на пензискиот пазар во двете земји, супервизорските практики и искуства, најновите промени во организацијата и работата на супервизорите односно регулаторите, како и други важни прашања и предизвици од областа на капитално финансираното пензиско осигурување.

Skip to content