Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Прес конференција за промоција на зелениот плик

01.02.2014

На  01.02.2014 година (сабота), во просториите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, д-р Булент Дервиши, Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Давор Вукадиновиќ и член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Филип Николоски, одржаа прес конференција за промоција на зелениот плик и доставата на годишните извештаи до сите членови на задолжителните и доброволните пензиските фондови.

pres01.02a

Промовирана беше најновата измена што МАПАС ја воведе со промена на подзаконската регулатива во врска со известувањата што пензиските друштва задолжително ед­наш годишно ги доставуваат во пис­ме­на фор­ма до членовите на задолжителните и доброволните пен­зи­ски­ фондови за состојба­та на средс­тва­та на нив­ни­те сметки. Измената се однесува на форматот и содржината на овие извештаи во насока на нивна поголема прегледност, поедноставен и сликовит приказ на пензиската заштеда на членовите. Имено, известувањата до члено­ви­те на задолжителните и доброволните пен­зи­ски­ фондови започнувајќи од оваа година ќе бидат доставувани во зелен плик со цел нивна лесна препознатливост.

 

Материјали од прес конференцијата:

обракање на Претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши

Е-МАПАС бр.8

Skip to content