Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Едукативната кампања за младите под мотото:” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… “

27.05.2014

Во рамките  на едукативната кампања за младите под мотото:” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… “ им беше посветено внимание на младите како потенцијални идни членови во реформираниот пензиски систем кои задолжително ќе бидат вклучени во неговиот прв и втор столб.

МАПАС и претставници од пензиските друштва  од  почетокот на кампањата во текот на целата учебна година 2013/2014 година посетија вкупно  61 средно училиште низ повеќе градови во нашата држава. Во училиштата беа одржани презентации на учениците од завршните години со појаснување на нивните права и обврски во пензискиот систем. Од страна на учениците имаше голема посетеност и заинтересираност во врска со темата за пензиско штедење и при тоа им беа поделени наменски изработените информативни брошури. 

Skip to content