Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седница на Советот на експерти

29.05.2014

Советот на експерти на седницата одржана на 28.05.2014 година го усвои следниот акт:

Правилник за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд >>>

Образложение 

Со член 1 од овој правилник се врши усогласување на членот 2 од постојниот правилник со најновите дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување согласно кои осигурениците за кои е утврдено ослободување од плаќање на придонеси од задолжително капитално финансирано пензиско осигурување не се задолжителни членови на вториот пензиски столб. Исто така, се прави техничко подобрување на текстот.

Сo член 2 од овој правилник се регулира можноста за корекција и ажурирање на податоците на членот со поднесување на барање до друштвото на образец број  4 и притоа се пропишува обврската за непосреден увид во документот за лична идентификација на лицето кое бара промена на податоците, од страна на овластено лице на друштвото или агент.

Со член 3 се прави измена затоа што само друштвото ќе врши корекција на податоците на членовите, а не и Агенцијата. Исто така, се менува ознаката за матичен број на граѓанинот.

Со член 4 од овој правилник се овозможува ажурирањето на личните податоци од договорот за членство да се врши и по електронски пат од страна на членот со тоа што друштвото се обврзува да обезбеди соодветна заштита на системот и на личните податоци на членот преку двојна верификација на лицето кое сака да изврши ажурирање на податоците.

Со членот 5 се прави измена на обрасците 1, 2 и 3 поради промена на ознаката за матичен број на граѓанинот и промена на линкот за веб страната на Агенцијата, како и на образецот 4 со кој досегашната изјава се заменува со барање од членот.

                Со членот 6 се уредува преоден рок за примена на Обрасците број 1, 2 и 3 од член 5 на овој правилник, односно да започнат да се применуваат од 1 јануари 2015 година заради потребата од техничка припрема на пензиските друштва  при примената на овие одредби.

Skip to content