26.01.2015
МАПАС во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев”, организираше советување на тема: „Капитално финансирано пензиско осигурување“ кое се одржа на 26 јануари 2015 година во просториите на Академијата со почеток во 10:00 часот. На советувањето присуствуваа судии и советници на Вишиот управен суд и на Управниот суд и претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
Темите кои беа опфатени во рамките на Советувањето од страна на излагачите од МАПАС беа следните:
– Капитално финансирано пензиско осигурување и улогата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС);
– Заштита на интересите на членовите и на пензионираните членови на задолжителните и доброволните пензиски фондови и
– Постапки произлезени од контрола на работите на маркетинг на пензиските друштва.