На 10.07.2015 година во 12 часот во просториите на МАПАС, во присуство на новинари од медиумите, Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, д-р Булент Дервиши одржа прес конференција на која накратко беше презентиран деветтиот годишен Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2014 година.
Извештајот кој се однесува на 2014 година покрај описот на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување содржи и податоци за капитално финансираното пензиско осигурување, оценка на извршувањето на прописите во областа на капитално финансирано пензиско осигурување, содржи и детален опис на состојбите во задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб и трет столб) како и состојби и трендови во пензиската област во светот и други податоци од значење за ова осигурување.
Материјали од прес конференцијата:
– Обраќање на Претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши
– Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2014 година