14.09.2015
Во континуитет на проектот „Ден за Вас“, кој што е во насока на подигнување на степенот на информираност на граѓаните за периодот на нивното осигурување и за сите отворени прашања од областа на пензиско-инвалидското осигурување, МАПАС на 11.09.2015 година беше дел од уште една организирана отворена средба со граѓаните.
Средбата со граѓаните, овој пат беше организирана во центарот на градот Скопје, на плоштад Македонија, каде што граѓаните ги добиваа бараните информации од претставниците од Фондот на МАПАС, ПИОМ и МТСП.