Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седница на Совет на експерти

21.02.2014

Советот на експерти на седницата одржана на 31.01.2014 година ги донесе следните акти:>>>

1.Правилник за водење на евиденција и податоци кои пензиските друштва и друштвата за осигурување ги доставуваат до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија
Со овој правилник се уредува начинот на водење на евиденцијата и видот на податоците кои пензиските друштва и друштвата за осигурување ги доставуваат до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

2.Правилник за доставување статистички податоци за фактичката смртност на корисниците на пензија и/или пензиски надоместок од пензиските друштва до МАПАС
Со овој правилник се уредуваат периодот и формата на статистичките податоци за фактичката смртност на корисниците на пензија и/или пензиски надоместок кои пензиските друштва ги доставуваат до Агенцијата. Се пропишува содржината на евиденција и статистички податоци за фактичката смртност на корисниците на пензија и/или пензиски надоместок, која ја води пензиското друштво.

3.Правилник за начинот на споредување на месечните износи на програмираните повлекувања и пензијата од прв столб и начинот на проверка и доплата на најнизок износ на пензија
Со овој правилник се уредува начинот на кој пензиското друштво врши споредба на месечните износи на програмираните повлекувања и пензијата од прв столб, начинот за проверка и доплата на најнизок износ на пензија, податоци кои пензиското друштво ги користи при проверка дали корисникот на пензија има право на разлика до најнискиот износ на пензија за претходниот месец. Исто така со овој правилник се уредува и начинот и постапката на известување на Фондот на ПИОМ од страна на пензиското друштво, за сите корисници кои имаат право на доплата до најнискиот износ на пензија.

4.Правилник за правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки
Со овој правилник се пропишуваат правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки што пензиското друштво ги користи при пресметката на ануитетниот фактор за пензии од втор столб преку доживотни и привремени програмирани повлекувања.

5.Правилник за правилата и минималните стандарди за таблиците на смртност
Со овој правилник се уредуваат правилата и минималните стандарди за определување на таблиците на смртност кои пензиското друштво ги користи при пресметување на ануитетниот фактор за пензии од втор столб преку доживотни и привремени програмирани повлекувања.   

6.Правилник за презентирање понуди за проектирани идни пензии
Со овој правилник се уредува начинот и постапката на презентирање на понудите на членот на пензискиот фонд од страна на агент на пензиското друштво, и се пропишува образец за содржината на понудите за проектирани идни пензии.

7.Правилник за проекции на пензиите и износите на индивидуалните сметки за програмирани повлекувања
Со овој правилник се пропишува начинот на кој пензиското друштво врши проекции на пензиите и износите на индивидуалната сметка на крајот на периодот од 10 и 20 години за програмирани повлекувања. Определени се параметрите кои пензиското друштво ги користи при проектирање на идните пензии.

8.Правилник за начинот на промена на вид на исплата на пензија
Со овој правилник се уредува начинот на промена на програмирани повлекувања во друг вид на исплата на пензијата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.  Пропишан е образец за Барање за промена на вид на исплата на пензија од втор столб кое корисникот на пензија преку пензиското друштво го доставува до Центарот за котација. До основање на Центарот за електронски систем на котација собирањето и презентирањето на понуди за доживотни програмирани  повлекувања од  втор столб, да  ги врши пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд каде што членот има индивидуална сметка.

9.Правилник за промена на видот на исплата на пензиски надоместок
Со овој правилник се уредува постапката на промена на програмирани повлекувања и повеќекратна исплата во друг вид на исплата на пензиски надоместок во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Пропишани се обрасци за: Барање за промена на вид на исплата на пензиски надоместок, кое корисникот на пензиски надоместок го поднесува до пензиското друштво и Барање за промена на вид на исплата на пензиски надоместок–лично, кое се корисникот на пензиски надоместок го поднесува лично до Центарот за котација.  До основање на Центарот за електронски систем на котација се предвидува собирањето и презентирањето на понуди за доживотни програмирани  повлекувања од трет столб,  да ги врши пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд каде што членот има сметка.

 

Skip to content