Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Денови на финансиска писменост

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС во Деновите на финансиската писменост упатува:

 

ЈАВЕН ПОВИК
до сите заинтересирани граѓани

За присуство на интерактивни online средби  на 02 и 03 Декември 2021 година за поставување на прашања, споделување на информации и предлози на идеи на “ПОВРЗИ СЕ СО МАПАС преку видео конференциска врска на следниве теми:

– Можностите и бенефитите на капитално финансираното пензиско осигурување;

– Годишниот извештај за состојбата на индивидуалните сметки на членовите –  познат како зелен  плик;

– Новите дигитални алатки (online склучување на договор за членство, Mobile App за следење на пензиската заштеда) и

– Можностите на новата web страна  mapas.mk. 

Интерактивните online средби ќе бидат наменети за сите заинтересирани граѓани од 15 – 65 годишна возраст кои се наши сегашни, но и потенцијални идни членови на капитално финансираното пензиско осигурување. Предвидена е  можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Агенцијата.

Сите заинтересирани лица треба да се приклучат на платформата за  присуство преку интернет конференциска врска:

 Секој  заинтересиран граѓанин што нема да биде во можност да се приклучи на интернет платформата во договореното време може своето прашање да го постави на contact@mapas.mk и facebook.com/MAPAS.MK/ и ќе добие одговор на истото од страна на Агенцијата.

Искористете ја можноста и директно поврзете се со вработените во МАПАС и информирајте се за задолжителното и доброволно пензиско осигурување (вториот и третиот пензиски столб)

Ве очекуваме на заедничка online средба,

 

Skip to content